CSS Template

Џудистите на Сеишин со предизвици се посветуваат на џудо принципите

Биди предизвикан и предизвикај друг член на клубот

249
Avtokontrol1

Биди предизвикан и предизвикај друг член на клубот, е новиот вирален проект на џудо клубот Сеишин од Прилеп. Неговите членови со хит видеа на социјалните мрежи се предизвикуваат помеѓу себе а и го предизвикуваат секој член на клубот.Ова е одлична идеја на челниците а целта е јасна, да се остане достоен на принципите на џудото дури и  во една ваква карантин ситуација. Овие видеа само ќе допринесат за да се продлабочи комуникацијата на нашите членови на ваков вирутелен начин , но тоа пак само ќе ги одржи во ритам сите наши членови, вели за Радио Пела  Дејан Мицкоски еден од тренерите на клубот.

Posted by ЏУДО КЛУБ "СЕИШИН " on Wednesday, April 8, 2020

Posted by ЏУДО КЛУБ "СЕИШИН " on Wednesday, April 8, 2020

Во деновите на пандемијата со Ковид19, ние џудистите можеме да помогнеме на општеството и државата бидејќи уште од првиот тренинг научивме, како да се справиме со предизвиците, новосоздадени и неочекувани ситуации. Посветени на џудо принципите во моментите кога има недостаток на СМИРЕНОСТ, ние треба да бидеме тие што ќе ја донесеме. Кога ни се чини дека другите не го гледаат “ИЗЛЕЗОТ”, ние треба да укажуваме на можни решенија. Кога другите немаат сила да се насмевнат и “КРЕНАТ ПО ПАДОТ”, ние треба да ја искористиме нашата сила некогаш со мускули а некогаш со пристап и карактер. Потребно е да ги ОХРАБРИМЕ луѓето со кои сме во контакт (ОСТАНИ ДОМА), со физички и ментални активности кои можат да ги исполнат деновите и да ја олеснат состојбата.Ние ќе објавуваме свои предлози и содржини. Приклучете се сите со свои идеи и предлози.НИЕ ЏУДИСТИТЕ сме тука за ВАС, Како што сите заедно сме за МАКЕДОНИЈА. Длабоко веруваме дека сите ЗАЕДНО од оваа состојба ќе излеземе ПОСИЛНИ и ПОПОДГОТВЕНИ -СПОРТСКИ Поздрав од целото Џудо СЕМЕЈСТВО!!!

Posted by ЏУДО КЛУБ "СЕИШИН " on Wednesday, April 8, 2020

Овој потег секако дека е за поздравување.Идеата е на место и кога овој карантин не овозможува тренинг во сала, тогаш џудистите се на потег, додава Мицкоски за www.radiopela.mk

 

semm
Semafor
seishin
Vivafarm
Farma Dolneni