CSS Template

Џудо клубот Пролетер слави 4 децении постоење (ВИДЕО)

124
Avtokontrol1

Еден од најстарите џудо клубови во Македонија, Пролетер од Прилеп, денеска со свечена академија го одбележа големиот јубилеј 40 години од своето создавање. По тој повод на свеченоста која вечерва се одржа во Државниот студентски дом „Орде Чопела“, беа доделени плакети, благодарници и дипломи на оние кои биле засложни за развојот на клубот и придонеле за неговата богата историја.
Радио Пела ви пренесува дел од свеченоста:

Svecena akademija po povod jubilejot 40 godini postoenje na Judo klub Proleter

Posted by Radio Pela 96,8 FM on Friday, November 1, 2019

 

– Првата задача на клубот при основањето беше да се тргнат сите млади од улицата и од порoците, да се создадат здрави личности, не само физички, туку и психички, да им се всади победнички дух за секоја борба, не само спортска, туку и животна борба, со намера да победат но, не посекоја цена и со сите средства, туку на фер и спортски начин. Младите да бидат подготвени да ги примат честитките за победа, но и да бидат подготвени да им честитаат на победниците.Гаењето на пријателството и другарството исто така беше една од основните цели. Нашите членови на клубот овие цели ги препознаа и беа спортски амбасадори на сите места надвор од Македонија, рече Јане Џингоски, оснивач и долгогодишен претседател на Џудо клубот Пролетер.

Џудистите од клубот Пролетер освојувале европски олимписки медалји за млади , 34 мелаји од Балкански првенства, како и учество на светски и европски првенства. Воедно,од клубот Катерина Николоска учествуваше на Олимпијадата во Јапонија како репрезентативец на Македонија.

– Клубот претставува „фабрика“ за спортисти, вистински спортисти. Со една добра и систематска работа џудо спортот во нашиот град и во нашата држава, џудо спортот може да има завидни резултати во период во кој што доаѓа. Намладите би им препорачал да се занимаваат што повеќе со спорт, а да го избираат и џудото бидејќи е препорачан од УНИЦЕФ како најдобар за правилниот прихофизички развој од намлада возраст, рече Славе Димитриоски, долгогодишен тренер во ЏК Пролетер.

Четиридецениското постоење, џудистите од Пролетер го одбележуваат со 18 тиот по ред Интернационален џудо турнир „Прилеп Опен 2019“ кој што ќе се одржи утре во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ со почеток од 10 часот и 30 минути. Се очекува според најавите на домаќините бројно присуство на џудисти од земјава, како и од соседните држави.

Во продолжение дел од свеченоста низ фотографии:

Vivafarm
Farma Dolneni