CSS Template

До каде сме со изградба на велосипедски патеки?!

68
Avtokontrol1

Група на ентузијасти т.н Крична маса , кои се залагаат за подобар вело Прилеп ,препознатливата  група ПрилепНаТочак,го поставуваат прашањето до општинските влсти, односно до  оние задолжени да креираат велосипедски патеки низ градот  „До каде сме со вело-патеките?“

–  Прилеп и понатаму останува единствен поголем град во Македонија кој нема ниту сообраќаен знак за вело – патека, а не пак функционална велосипедска патека. Тажна е сликата кога се асфалтираат и реконструираат улиците низ градот, а притоа пешаците и велосипедистите се комплетно заборавени.  Прилеп е град со 0 км велосипедски патеки и тоа е поразителен факт, за чија промена за жал никој нема слух.
Во светот се прават велосипедски патеки од рециклирани материјали, соларни велосипедски патеки, вело- патеки кој ја апсорбираат дневната светлина и светат преку ноќ, кај нас сеуште е проблем да се намести обичен сообраќаен знак за велосипедска патека. Прилепчани сакаат да се движат низ градот на велосипед, и во лето и во зима, и стари и млади, постојано се на небезбедните градски улици и тротоари и покрај тоа што никој не води грижа за нив и нивните потреби во сообраќајот.
Време е за велосипедски патеки во Прилеп, време е за вело-инфраструктура, градот го заслужува тоа…- велат од ПрилепНаТочак и ги повикуваат сите љубители на најдоброто  еколошко превозно средство, велосипедот,да им се придужат во возење точак, на 27 ноември,во среда ,од 17 ,30 до 20,30 .

Farma Dolneni
Vivafarm