CSS Template

Доделени првите картички за „зелена нафта“ во Канатларци

151
Avtokontrol1

Земјоделците од Канатларци денеска ги добија првите картички за „зелена нафта“. Во посета на ова населено место беа градоначалникот Илија Јованоски, претседателот на Советот на општина Прилеп Миле Талевски и раководителот на подрачната единица за земјоделство Зоран Пачешкоски.
Според пресметките околу 200 земјоделци од Канатларци ќе добијат персонализирани картички државна финансиска поддршка за намалување на трошоците за гориво за земјоделската механизација наменета за обработка на површините.

– Тука сме да ги доделиме првите картички за „зелена нафта“, што значи дека земјоделците ќе имаат покриен трошок од 30 отсто за нафта која ја користат за преработка на земјоделските површини. Да ги информирам сите земјоделци од Општина Прилеп дека можат своите картички да ги подигнат во подрачнотоминистерство за земјоделство во Прилеп во соба бр. 22. Воедно, оние земјоделци кои го немаат подмирено долгот за закупнина на државно земјоделско земјиште, да го сторат тоа за да си ги подигнат картичките, посочи раководителот на подрачната единица при министерството за земјоделство Пачешкоски.

На ниво на општина Прилеп персонализирани картички ќе добијат околу 2 000. земјоделци.

– Ова е голем проект, бидејќи за прв пат во историјата на македонското земјоделство се доделуваат субвенции од овој тип,„Зелена нафта“ за потребите на земјоделците. Мислам дека она што ќе го добијат земјоделците, во одреден процент и се однесува на гориво за земјоделската механизација ќе им биде од корист, бидејќи оние дополнителни средства кои ќе им останат од буџетот ќе можатда ги искористат и да ја зголемат својата конкурентност на пазарот“, истакна градоначалникот Јованоски.

Средствата на картичките земјоделците треба да ги искористат до крајот на април 2020 година.
Инаку во Канатларци, летово, дел од земјоделските површини беа зафатени од големо невреме, при што биле поднесени 198 барања за обесштетување во предвидениот рок. Процедурата со проценката е завршена, информираше Пачешкоски, елаборатот од општинската комисија за проценка на штети е веќе доставен до Советот на Општина Прилеп, од каде, по изјаснувањето на советниците треба да се достави до второстепената комисија на Владата која одлучува за висината на помошта.

Vivafarm
Farma Dolneni