ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Два големи шаховски турнири во Прилеп и Битола

607

По повод ослободувањето на Прилеп и Битола со два оддвоени турнири ќе бидат одбележани свечените денови во Пелагонија.
Ќе се одржи Младински турнир во забрзан шах „ОПЕН Битола 2019“ и Отворен турнир „ОПЕН Прилеп 2019“, кои ќе се бодуваат на рапид листата на ФИДЕ.


Младинскиот турнир се игра на 2 ноември во салата на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ во Битола, додека Отворениот турнир почнува на 3 ноември во салата на Државниот студентски дом „Н.Х.Орде Чопела“, до Економскиот факултет во Прилеп.
Со ова Пелагонија го враќа приматот на главен шаховски центар со организација на шаховските турнири во Битола и Прилеп. Се очекува масовност и на двата турнири и заживување на древната игра во двата града кои дале многу талентирани шахисти на овие простори.
Досега, според Тони Кироски, дел од организацијата во Прилеп има голем интерес. Пријавени се 100 тина натпреварувачи, а се очекува Меѓународниот турнир да има над 150 учесници од земјава, како и од Србија, Бугарија и Косово. Во Битола за младинскиот турнир го пријавиле своето учество над 50 шахисти.
Пријавувањето и за двата турнири е до денот пред одржувањето на турнирите.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: