ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Две јавни чешми – едната на Плетвар, другата во Лениште, немаат исправна вода за пиење

766

Две јавни чешми од кои месното население и минувачите користат вода за пиење, според последните испитувања на Центарот за јавно здравје имаат негативни показатели за исправноста на водата. Станува збор за јавните чешми кај ресторанот„ЧЕ“ на превојот Плетвар, како и во селото Лениште.
Од Центарот за јавно здравје, од одделот за хигиена информираат дека редовните испитувања покажале оти овие јавни чешми немаат исправна вода за пиење.
Според препораките на медицинските стручњаци од одделот за хигиена, пред употреба водата од овие две јавни чешми задолжително треба да се преврие 10 минути.
Општина Прилеп во чија надлежност се овие чешми (не на ЈП „Водовод и канализација“), ги известува месните заедници на овие населени места да ги информираат жителите да ги следат препораките на Центарот за јавно здравје.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: