CSS Template

ДЗС: Локализирани двата пожари во крушевско

74
Avtokontrol1

Пожарите во крушевско кои претпладнево брзо се активираа поради високите температури и ветрот, со брза интервенција на ТППЕ Крушево, како и екипи од соседните општини попладнево се локализирани.
-Пожарот што беше активен кај селата Годивле и Подвис е локализиран и многу малку гори во средишниот дел. На терен има дежурна екипа од крушевското шумско стопанство „Липа“ која што може да интервенира веднаш доколку состојбата се промени. Нема опасност за проширување на пожарот кон куќите од двете села, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Пожарите опфатија од 100 Ха со ниска дабова шума, сува трева и стрниште. На припомош на ТППЕ Крушево, реагираа екипите од ТППЕ Кривогаштани, ТППЕ Прилеп, како и лица од ПШС „Липа“ Крушево.

Vivafarm
Farma Dolneni