CSS Template

Елена Велевска: “Зоро моја румена” е песна која што сакав одамна да ми се случи (Фото-Видео)

Интервју со фолк дивата Елена Велевска - прилепско и наше !

1.610
Avtokontrol1
Елена Велевска е една од најпродуктивните пејачки на домашната фолк сцена. Таа е мајка на три деца и има карера која трае веќе 25 години. Во разговорот за “Радио Пела” ги открива деталите околу нејзината последна песна „Зоро моја румена“ и со што следно ќе ја израдува својата публика.
Радио Пела: Во октомври месец 2019 година на публиката и ја подаривте песната “Зоро моја румена” и видео записот за истата. До ден денес, реакциите не стивнуваат, за што говорат прегледите, споделувањата, лајковите. Оваа песна е поразлична од се она кое што досега сте го снимиле. Како се создаде оваа песна, кој ја направи?
Елена Велевска :- “Зоро моја румена“е песна која долго ја барав и ја посакував, логично  следуваше по “Срце бакшиш ќе ти дадам“. Среќна сум што на публиката и се допадна и што ја прифатија. Автори се Дејан Момировски и Борче Нечовски, а за видео спотот беше задолжен режисер од Соседна Бугарија. Од моментот кога ја промовирав песната, публиката ја бара на настапи и тоа е еден од доказите дека им се допаѓа, а и често можат да ја слушнат и на вашето радио, за што сум ви неизмерно благодарна, среќна што емитувате македонска музика.
Радио Пела : Што после “Зоро моја румена” ?
Елена Велевска :- Максимално сум посветена на промоцијата на песната, како со настапи, така и со телевизиски гостувања, интерјуа, оваа песна заслужува поголем простор и ќе го добие. Има многу нови проекти кои сакам да ги реализирам во деновиве кои претстојат, сакам на мојата публика да и подарам квалитетна музика, квалитетни проекти, спотови.
Не сакам да снимам песни по секоја цена, во потрага сум по песна која ќе биде достојна за мојата публика, не можам да ветам кога ќе се случи но ќе има нешто ново.
Интересно е што на моите настапи ми бараат песни кои не се медиумски застапени, не се промовирани доволно и сакам на нивно барање тие песни да ги вртам. Станува збор за песните “Ако возот не е последен” ,” Говорот на телото“, балади во кои се пронаоѓаат многу жени, иако се снимени одамна, квалитетни се и заслужуваат внимание. Публиката го очекува и третото издание на албумите “Ѓердан за душата”, кое искрено се надевам дека ќе се случи оваа година.
Радио Пела : Родена сте во Прилеп, град во кој го имате поминато детството, град од каде  започна твојата музичка приказна. Која ви е првата асоцијација кога ќе се спомене Прилеп?
Елена Велевска :-Родители,сестра,семејство,безгрижно детство….Прилеп е град во кој ги мечтаев своите сониша, на кои подоцна работев да ги реализирам, град во кој секогаш се враќам, град во кој сум среќна и често знам да сум таму кога домашните, професионалните обврски ќе ми дозволат. Во Прилеп живееат моите родители,сестра и нејзиното семејство, многу пријатели и сакам слободното време да го минувам таму. Можеби не онолку колку што сакам јас, но доволно да ги наполнам батериите за професионалните предизвиции кои ми следуваат.

Со сигурност , Велевска е фолк дива која знае како да го трасира својот музички пат и да ја негува својата кариера, која е богата со многу хитови подготвени за македонската и балканска музичка сцена. И екипата на Радио Пела посакува да продолжи во ист ритам за себе и за сите твои фанови , кои рака на срце ги има во голем број.

 

semm
Semafor
Vivafarm
Farma Dolneni
seishin