ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Еурокомпозит“ тема на пратениците. Заев: Државата има алтрернатива – да издвои три милиони евра да ги плати обврските

657

„Вработените во Еурокомпозит по којзнае кој пат се излажани од оваа власт. Минатата недела протестираа пред Владата на Република Македонија, но за жал никој не ги прими, а пред општината кога протестираа некој ги примил и им дал ветување, но повторно лага, а вчера со полиција беа спречени да протестираат,“-  изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска на денешната собраниска седница посветена за пратенички прашања,која  пред пратениците  го прочита и писмото од работниците на Еурокомпозит упатено за денешната седница во кое тие  прашуваат кога ќе им се исполнат ветувањата за исплата на придонесите за пензиско и здравствено осигурување, заостанатите 15 плати, како и кога ќе се исплатат придонесите на вработените кои заминаа како технолошки вишок.

Еурокомпозит има перспектива и тврдам дека ќе има успешна трансформација, порача денеска премиерот Зоран Заев од собраниската говорница

„ Ако добиеме понуди од приватните компании, кои ќе ги покријат заостанатите побарувања на работниците за платите, придонесите за тие плати ќе ги прифатиме, ако не, државата има друга алтрернатива – да издвои три милиони евра и да ги плати тие обврски за да продолжи работата на Еуркомпозит“  рече Заев и додаде дека во интерес е фабриката да продолжи да работи и до ден денес од неа се набавуваат елеци, шлемови и друга опрема за МВР и МО.

Додаде дека со новиот закон за стечајци повеќе од сто лица се згрижени и нагласи дека Владата се обидува да најде трајно решение.

Преземено од Миа и Вечер

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: