ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Филозофскиот Филмски Фестивал „Бадју“ на гости во Прилеп

514

Караванот Филозофски  Филмски Фестивал „Бадју“ на гости во Прилеп,  вечерва, 19,oo ч . во градската библиотека “Борка Талески’ – Прилеп

Излагање за  Симптомот Бадју ќе го има д-р Марија Тодороска, независен филозофски истражувач коаја вели :

Фридрих Ниче има напишано дека секоја филозофија е секогаш биографија на мислителот. Животот на Ален Бадју (Alain Badiou) покажува дека и спротивното може да биде вистина. Од неговото раѓање во Мароко, преку настаните од мај 1968 г. во Париз, до неговите доцни години како ангажиран интелектуалец и филозоф, биографијата на Бадју можеби е неговото најкомплексно и најпредизвикувачко дело досега.Преку еден интимен и филозофски портрет, режисерите Горав и Рохан Калјан го создадоа првиот долгометражен документарен филм за еден од најпознатите современи филозофи денес, повикувајќи нè да мислиме со, а не само за Бадју.

Филмот беше дел од Официјалната селекција на Меѓународниот филмски фестивал Јихлава во Чешка (2018) и CPH:DOX во Данска (2019).

Караванот ФФФ„Бадју“  е во организација на Јавен простор – Прилеп ,а поддржан од министерството за култура  на РС Македонија , и покрај во  Прилеп и Битола ќе  биде прикажан и во Штип и Свети Николе.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: