ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ФОТО) Џудистот Јован Најдоски е најуспешен натпреварувач во 2018 година

1.081

Џудо Клубот Сеишин-Прилеп на пригодна свеченост, на последниот тренинг од годината која изминува, им додели пофалници и дипломи на своите најуспешни членови кои постигнале резултати во 2018 год. Пофалници добија ветераните, Киро Здравески, Маке Спиркоски и Ацо Божиноски, во категоријата сениори , Христијан Ѓураков, кај јуниорите, Александра Најдоска и Марио Цинцароски, кај кадетите ,

Теодора Димеска и Јован Најдоски, кај пионерите, Леона Настоска и Андреј Трајковски, а во категоријата помлади пионери, благодарници им беа дадени на Теа Настоска и Никола Магдески. Наградени беа и  категоријата девојчиња , Анастасија Кузманоска и момчиња, Борис Џагадуроски,

За најуспешен натпреварувач во 2018 година е прогласен Јован Најдоски.

На овој настан, пред своите членови и присутните, клубот ги презентираше и своите резултати за 2018 г.  Во 2018 год. Џудо клубот Сеишин учествувал на 8 државни првенства и освоил 74 медали, на 10 меѓународни турнири, каде освоил 76 медали и на три Балкански првенства, како дел од репрезентацијата на Р.Македонија. Најзначаен успех за клубот е  2-то место на Христијан Ѓураков и 3-то на Александра Најдоска на Балкнското првенство за сениори/ки и второто место во екипна конкуренција на Балканскот првенство, каде учствуваа челеновите на Џудо Клубот Сеишин:Христијан Ѓураков, Марио Тошески, Кристијан Тошески, Бобан Глигуроски и Александра Најдоска.

Клубот во 2018 г. беше организатор и домаќин на две државни првенства, на еден мѓународено првенство и меѓународен џудо камп за пинонери. Џудо Клубот Сеишин-Прилеп учествуваше и на Меѓународната недела на спортот со свои активности, а одржа и уште два џудо кампови и семинари за стручни лица.

Но, со она што посебно се гордее Џудо Клубот Сеишин-Прилеп, е добиената Трето Ноемвриска награда, која ја доделува Општина Прилеп на здружениа и граѓани кои особено придонесле за афирмација и промоација на Прилеп, а Џудо Клубот Сеишин  ја доби за посебни заслуги од областа на спортот. Клубот оваа година одблежа и јубилеј 15 години од постоењето,како и 10 години од организирањето на турнирот „Прилеп град херој“,кој прерасна во препзнатлив турнир на Балканот.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: