ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ФОТО – ГАЛЕРИЈА) Крушево по стапките на Швајцарија – го чисти пластичниот отпад

557

Голема еко – акција за чистење од пластичниот отпад денеска се спроведе во Крушево и околината. Во иницијативата се вклучија од Општината, двете училишта „ СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“, ООУ „Св, Кирил и Методиј“ од Бучин, екологисти љубители на чистата животна средина. Поддржувачи на овој еколошки ден се Францускиот институт од Скопје, Амбасадите на Швајцарија и Франција, здружението „Go Green “ кои активно се вклучија во акцијата.
Се чистеше влезот на Крушево, кон полетувалиштето на Мечкин Камен, месноста „Гумење“, комплексот „Езеро“ и слетувалиштето за параглајдинг, додека хортикултурното уредување го опфати градскиот парк во Крушево.
Како туристичка дестинација за Крушево е важно да се почитува и негува здравата и чиста животна средина.

– Крушево е навистина „зелена дестинација“ и чиста животна средина. Сакаме да им покажеме на оние кои не’ посетуваат дека Крушево е навистина туристичка дестинација. Тоа го препознаа од „Национална географија“ кога не’ поставија на листата од 30 најпосакувани дестинации во светот. Ова значи многу, не само за нашата локална економија, туку и за оние кои ќе остават впечаток дека Крушево е чиста и „зелена дестинација“, рече градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски.

Примерот од Швајцарија, според поимањето, дека е најчистата земја во светот се пренесува со еколошките акции – како што беше и денешната.

-За Швајцарија се говори дека е најчистата земја во светот. Но не е од секогаш така, активностите ги започнала генерацијата на моите родители со спроведување на акции за чистење на отпад, како што е оваа денеска, посочи заменик амбасадорот на Швајцарија Стефан Томажан.

Професорката Весна Јаневска ги објави победниците на конкурсот за есеј, а од страна на заменик амбасадорот Томажан и градоначалникот Христоски на Нико Доага и Петрина Станковска, како победници, им беа доделени дипломи и ваучери во износ од 3 000 денари.
Победниците од конкурсот ги прочитаа есеите напишани на француски јазик на еколошка тема, а настанот заврши со дегустација на храна подготвена од СОУ „Наум Наумовски Борче“ и „Крушевска жена“.
Големата акција за чистење на отпад беше поддржана од Францускиот институт во Скопје, Амбасадите на Швајцарија и Франција, здружението „Go Green “, Општина Крушево, СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“, ООУ „Св, Кирил и Методиј“ од Бучин, Лајонс клубот Крушево, пицерија Скар и Витаминка.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: