ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ФОТО-ГАЛЕРИЈА „Марфил“ победник на светиниколскиот турнир во мал фудбал

877

Синоќа во Прилеп со натпреварите за првото и третото место, заврши традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2018“, кој годинава се одржа по осми пат. Победник на турнирот е екипата на „Марфил“, која во финалето ја победи екипата на„Зоки Лим“ со 5:0.
Менаџерот на шампионската екипа „Марфил“, Македонче Дуртаноски, вели дека титулата е освоена со добра организација и со голема борбеност на теренот.
– Со добра и одговорна екипа и игра се освојува титулата. Играчите се залагаа до последната минута и заслужено ја освоија победата. Благодарам на организаторите за добрата организација и догодина се гледаме уште подобри“, изјави Дуртаноски.
Од екипата на Марфил е прогласен и најдобриот играч Мартин Тодороски.
-Прво сакам да се заблагодарам на организаторот на овој прекрасен турнир, на публиката, бидејќи од самиот почеток на турнирот доаѓаше во голем број. За мене ова е трета година по ред што доаѓам овде и трета година како го освојуваме првото место, рече Тодороски.
Најдобар стрелец е Дарко Ранготов од екипата на „Фенербахче“, која на турнирот го освои третото место. За најдобар голман е избран Иван Стојановски од екипата на „Марфил“,кој во нокаут фазата и во финалето остана без примен гол.
„Ова навистина се случува многу ретко.И минатата година ја добив наградата за најдобар голман. Благодарам на организаторите за добрата организација. Мислам дека ова е еден од најдобрите турнири во Македонија“, вели Стојановски.
Првопласираната екипа доби парична награда во висина од 160.000 денари, второпласираната 90.000, а наградата за третото место изнесуваше 60.000 денари. Градоначалникот Илија Јованоски им се заблагодари на учесниците.
– Задоволство беше да се следат натпреварите, одличниот настап на екипите исполнет со спортски дух. Во фер плеј атмосфера поминаа сите 13 дена од турнирот. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на учесниците кои беа дел од оваа манифестација, особено на организаторите„Комфи Ангел“, Локалниот спортски сојуз, локалната самоуправа и на сите спонзори, рече градоначалникот Илија Јованоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: