ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ФОТО – ГАЛЕРИЈА) ООУ „Манчу Матак“ од Кривогаштани го прослави патрониот празник

1.379

Достоинствено, со полагање на свежо цвеќе и пригоден реферат за ликот и делото, пред бистата на херојот Манчу Матак во дворот на училиштето, денеска започна одбележувањето на патрониот празник.

На свеченоста, присуствуваше делегација од Општина Кривогаштани предводена од градоначалникот Рубин Шефтероски, претставници од училиштата во регионот, како и претставници од Фондот за иновации и технолошки развој.
Свечената програма продолжи во салата на училиштето. Учениците се претставија со хорски изведби, поетски творби, а најдобрите во генерацијата која завршува 9 то одделение, како и учениците кои освоиле награди на државни натпревари, добија пригодни подароци и пофалници.

За првенци на генерацијата која го напушта ООУ „Манчу Матак“ се прогласени две ученички Сара и Марија Станчески. Воедно, во програмата, учениците го презентираа проектот „Со природни ресурси до еколошки здрава животна средина“ за кој училиштето доби грант средства од Фондот за иновации и технолошки развој.
– Поминаа 80 години од изградбата на училиштето. Низ годините наназад низ училишните клупи поминале низа на ученици чии чекори сеуште одзвонуваат во нашите ходници. И тогаш исто како и сега нашите наставници се обидуваат да постигна максимални резултати и секогаш има ученици кои достојно не претставувале, и тоа го прават и денес на различни натпревари, конкурси и други активности и се наша гордост низ нивните понатамошни образовни и животни патишта, рече Дијана Каравилоска директор на ООУ „Манчу Матак“ од Кривогаштани.
Честитајќи го двојниот празник – патронот на училиштето 25 мај и Денот на словенските просветители 24 мај, градоначалникот Шефтероски.
– На сите нас ова училиште и тоа како ни значи, затоа што претставува еден воспитно – образовен центар во нашата општина. ООУ „Манчу Матак“ од секогаш било место каде со голем успех се образувале бројни генерации кои поминале низ овие училишни клупи, и потоа успешно зачекориле во животот и дале придонес за целото општество, рече Шефтероски, потенцирајќи дека Општината и натаму ќе помага за успешен развој на училиштето.
Во централното основно училиште „Манчу Матак“ редовна настава посетуваат 314 ученици со вкупно 5 подрачни училишта во Славеј, Крушеани, Врбјани, Подвис и Годивле.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: