CSS Template

(фото и видео)„Сплотени во хуманост„ – започна денеска ,трае и вечерва по полноќ

89
Avtokontrol1

Под мотото „Сплотени во хуманост„ членовите на Leo Club за хуманитарни активности-Dream Team – од ДЕЦА за ДЕЦА , Лајонс клуб – Прилеп ,во соработка со Општина Прилеп ,попладнево (27 -ми  април), на градскиот плоштад „Методија Андонов Ченто“-Прилеп, организираат извореден музички хуманитарен хепенинг, на кои настапија голем број на музички групи и музичари, а се слушаше различен жанр на музика, од народна , изворна музика , ора, до забавно и поп -рок  музика.

На сцената се појави Јордан Митев, засвирија учениците со кавал и гајда,запеаа жените од женското здружение Преродба ….

Сите уживаа во убавата забава, (во знакот на бојата на ретки болести,жолто- сина)  која имаше хуманитарен карактер за да се покаже дека децата со ретки болести во Прилеп се еднакви како и сите.

 

Посетителите на настанот имаа можност да купат и велигденски украси изработени токму од хуманитарците, членовите на Лео Клубот за хуманитарни активности , а можеше и да се донираат средства во посебно означени кутии, кои ќе бидат намнети токму за децата со ретки болести.

Настанот е поделен во два дела.  Првиот започна од 10,оо ч. (требаше да трае до 17,оо, но невремето со дожд и град напрви мал прекин) ,а вториот дел е вечерва, после полноќ, до 03,оо часот,со нова забава  нови музички имиња о ДЈ-и.

Vivafarm
Farma Dolneni