CSS Template

(Фото) Како да го спречиме ширењето на коронавирусот?!

2.051
Avtokontrol1

Една мудра мисла вели: „Ѓаволот го напуштил овој свет, бидејќи знаел дека луѓето сами ќе направат пекол на земјата„ И, додека, препораките на Министерството за здравство се да се седи дома, да не се создаваат гужви, да се намали растојанието кога се чека во ред,  да се носат маски и ракавици ,  се чини дека прилепчани го работат  сосем спротивното .

Гужви пред банките за да се подигнат мартовските пензијата, субвенците или да се платат во банка домашните режиски трошоци, или да се испазари од маркет… и се чини дека сите се на едно место во исти момент, оние најзагрозената категорија граѓани, повозрасната, која треба да биде посовесна, поодговорна и попретпазлива, бидејќи е во ризичната категорија на граѓани!Но,и а послужи како пример,а не да биде пркршуач направилата.

Вака ли драги мои прилепчани ќе се бориме против пандемијата?! Како Вие им служите за пример на помладите,  како да се почитува кажаниот збор?!  Како треба да се однесуваат кон наредбите?! Како треба да бидат одговорни и да ја сносат одговорноста доколку не почитуваат правила?! Вака ли?!

За жал, и, покрај апелите на надлежните пензионерите и возасните граѓание да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од Ковид 19,  како најризична категорија, пред  екпозитурите  турканици , чекаат во редици пред вратите за да си ги подигнат мартовските пензии, да си ги завршат банкарските услуги, без грижа на совест дека си наштетуваат себе си , на своето семејство, но и другите.

Без маски и ракавици, еден до друг, без држење дозволено растојание меѓу нив, вака беше глетката  утринава .  А,  гужвата , околу 11 часот,  од кога почнува и забраната за движење за граѓаните на возраст над 67 години. Пример за пофалба !

А, прилпската чаршија, пак,тажна,  тивка, мирна, како никогаш досега. Мртва! Го нема прилепскиот мајтап, го нема џагорот на занаетчиите и пазарџиите, довикувањата и поздравувањата на мајсторите и продавачите за “добро утро“, кафепијањето пред влезот на продавницата, разговори за прометот и тешкотиите на трговците, ниту пак ги има муштериите да прашуваат за цени, да шетаат од дуќан во дуќан и да бараат пониски цени. Прилеп денес!

Една мудра вила вели „Искуството е добар лек, но тоа доаѓа секогаш кога болеста веќе поминала.“

Фотогрфиите ги добивме од Рубин Седлоски. Му Благодариме!

semm
Farma Dolneni
Vivafarm
Semafor
seishin