ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(фото) Преспа доживеа ураган – во Прилеп 8 часа непрекинато врне дожд

1.597

Денеска цела Македонија е зафатена од силни и обилни дождови, но се чини најпогодена е Преспа.  Селото Крани, околните места и авто-кампот Крани,  Долно Дупени, Наколец,  во Долна Преспа,, кај Стенње …  ветер со брзина од околу 155км/час,  некаде по 18:30, во период од само десетина минута, направил вистински пустош – како тука да поминал ураган .

Невидено невреме доживеале туристите кои престојувале на одмор во овој дел од Преспа и жителите од овој регион . „ Во моментов таму се наоѓаат околу 170 лица од различни делови на Македонија“ – пишува локалниот протал преспа инфо

Големот невреме со град, дожд и ветар корнело дрва, рушело бандери и покриви.

„Оштетени се над 50-тина камп приколки и 40 автомобили, а подолг период во прекин е и електричната енергија и во моментов се обезбедува струја преку агрегат“ – информираат оттаму. Десетина села во Преспа се без струја. На терен се и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, на помош пристигнале и жителите од околние населени места, а  присутни на терен се и екипите на Брзата помош од Ресен.

Во Прилеп дождот без престан паѓа повеќе од 8 часа.  До 20,оо ч. Наврнати се  14 л /м2 дожд , во Крушево, 7 л/м2 дожд,  3 л/м2 дожд во Тополчани.

Од утре до сабота ќе преовладува стабилно и посвежо време со умерен северен ветер. Во недела се очекува нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

Фотографите од Дивна Јовковска – Ефтимовска
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: