ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(фудбал) Од пелагониските домаќини: ФК Победа поразена, ФК Питу Гули со победа прв на табелата, ФК Младост издвојува победа

739

Фудбалерите на ФК Победа повторно поразени.Тие денеска изгубија од  Силекс ,со  0-1. Прилепчани натпреварот го игараа како домаќини во Турново. Стрелец на единствениот погодок за гостите од Кратово беше Рајковиќ во 15 мин. Натпреварот се играл по пороен дожд и силен ветер, па временскитео услови диктирале  голем дел од случувањата на теренот.

Како и да е,на ФК Победа и се заканува опсанокот во ПМФЛ. Моментално е на последното место од табелата со 23 освоени бода.

                                                       Трета лига Централен Регион – Коло 19

Крушевчани денска се победата над екипата ФК Братство 07 се најде на врвот на табелата.  Првенствен натпревар денеска се одигра и во Крушево. Екипата од Крушево, ФК Питу Гули ја совлада екипата  на ФК Братство 07, со резултат 3-2, и со 45 поени се најде на првото место на табелата, пред екипата на ФК Превалец , која е со бод помалку . Во следното коло ФК ПИТУ ГУЛИ ќе се сретне со  ФК НОВО ЦРНИЛИШТЕ, каде екипата ја очекува тешка и неизвесна битка за освојување на бодвоите , со оглед на тоа што домаќинот е четврти на табеларната листа, и  како своја предност ќе го има домашниот терен.

 

Денска во рамките на Третата лица Централен регион во првенствен натпревар ФК МЛАДОСТ 1930 од Кривогаштани  ја совлада  ФК МАРЕНА од Новаци до резултат 3 : 2 ( 0 : 1 ).Ова беше дерби натпревар на кои и на двете екипи бодовите, и тоа како, им беа занчајни, со оглел на тоа што и двете се наоѓаат во долниот дел на табелата . Со победата ФК МЛАДОСТ 1930 од Кривогаштани се искачи на осмата позиција,оставајќи го во долниот дел својот противник.

На следниот натпревар в сабота( 04. мај) ФК МЛАДОСТ 1930 од Кривогаштани ќе биде гостин на ФК ПРЕВАЛЕЦ

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: