ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Горан Кузманоски-Таста се враќа во Прилеп како тренер на РК „Прилеп“

947

 

Ракометниот прилепски репрезентативец, Горан Кузманоски – Таста, се враќа во Прилеп, но овој пат, не како играч, туку како тренер на новиот суперлигаш РК „Прилеп“.

Кузманоски кој доаѓа од битолски „Еурофарм Работник„ ќе биде од голема помош за прилепскиот тим, кој неколку години се „мачеше„  да стане суперлигашт,  откатко таа титула ја изгуби пред три години , со што загуби и голем дел од играчкиот кадар. Со ракометното  и интернационално искуство, со своето знаење и квалитет,  Кузманоски, преку доброто познавање на Мак ракометот,  се очекува да создаде нова атмосфера во РК „Прилеп„,  но и во градот под Марковите кули, кој е одама  желен за врвени ракометни натпревари.

Горан Кузманоски,  син на некогашниот врвен играч на Тут-Ком Прилеп  и тренер Петар Кузманоски -Таста ,  својата кариера ја започна во Тутунски Комбинат. Тој  беше и дел од златната генерација на младинската репрезентација предводена од Темелковски, која го освои 4 место на европското првенство во Полска,  2002 г. , по што следуваа настапи во екипите на Вардар и Металург во Скопје,  за потоа својата ракометна кариера  да ја продолжи  ,во Португалија во Мадеира. Две години Кузманоски беше дел и од екипата на скопски Пролет, од каде замина во романски „Одорхеи“  . Таму станува  еден од клучните играчи, со што ја добива и капитенската трака од тимот,  како и довербата да биде  дури и помошник тренер во тимот, односно играч -тренер ,се до 2018 годна,кога го напушата тимот и се враќа во Македонија

Последните две години Горан Кузманоски беше ангажиран како бек во Битола во скипата на  Еурофарм Работник.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: