ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Градоначалникот Јованоски: „Гужвањето пред банките во услови на пандемија, е неодговорно и недозволиво„

1.172
Денеска се чини двојно се зголеми бројот на лица кои чекаат пред експозитурите на банките, без притоа да се  почитуваат препорачаните мерки за заштита од коронавирусот.Тоа  беше  повод за јавна реакција на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.
„И покрај засилените мерки што ги презеде Владата на Република Северна Македонија и мерките што во континуитет ги презема Општинскиот кризен штаб, денеска се соочуваме со застрашувачка глетка на граѓани кои во збиени редови и гужви чекаат пред банките, без да ги почитуваат правилата за заштита од коронавирусот. Мислам дека ваквото невнимавање, може да не’ однесе во далеку непосакуван правец. Апелите кои секојдневно ги упатуваме, не се почитуваат ниту од страна на граѓаните, а во најголем дел ниту од банките. Апелирам до банките, да бидат поорганизирани и повнимателни со своите редарски служби. Да не дозволуваат се случува ова. 
Гледајќи, го она што се случува пред шалтерите на банките, денеска ги упатив сите комуналните редари од Општина Прилеп, со полициска асистенција да ги намалат гужвите. Не сум убеден дека успеавме, затоа што и после тоа, гужвите пред банките продолжија“, изјави градоначалникот Јованоски.
Јованоски повторно апелираше, банките да ги реорганизираат своите технички
и човечки ресурси во насока на намалување на гужвите пред нивните објекти, а
граѓаните без исклучок да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.
„Раководителите на банките во нашиот град, веднаш да направат нова
организација. Да се однесуваат поодговорно и да најдат соодветен начин за
распределба на парите до граѓаните. И покрај што од утре ќе имаме
порестриктивни мерки, граѓаните да не се гужваат пред шалтерите и банките,
да стојат на соодветно растојание, затоа што само така ќе се заштитиме од
коронавирусот “, нагласи градоначалникот на општина Прилеп, Илијија Јованоски
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: