CSS Template

Хуман гест за почит и наклон – донирани средствата од театарските влезници за нова дограма во Дневниот центар за деца со посебни потреби “Ѕуница“

1.598
Avtokontrol1

Реализираната хуманитарна мисија на Театар „Чин 4 Сцена 5“ говори дека културата и хуманоста можат да бидат споиви и  дека бизнис заедницата и културата можат многу да придонесат во помагање на лицата чија помош им е потребан. И, токму за една таква мисија, станува збор , за кое вреди да се одблежи и за да послужи како пример .

Имено, со продажбата на влезници за една од најгледанатае претстава „Викенд на мртовци“ ,  во повеќе изведби на Театар „Чин 4 Сцена 5“ , патем здружение за култура и театар, кое рабои под мотото  „Тренирај креативност!“ , одлучи собраните средства од влезниците од претставите,  да ги намени за промена на дограмата во Дневниот центар за деца со посебни потреби “Ѕуница“ – Прилеп.  При оваа акција центарот доби нов лик. Беа промение прозорците и вратите, а вкупната вредност на оваа донација (демонтажа на стара дограма и монтажа на новата), чинше  404. 400 денари.  Радоста на децата од Дневниот центар за деца со посебни потреби,за новио тизглед на нивиот центар „Ѕуница“ ,вокои го поминуваат дел од своето време, беше  мотив екипата на Театар „Чин 4 Сцена 5“, да биде уште порадосна за направенот дело.

 

 

„Ние сме мал театар, но имаме големо срце! Со ова потврдуваме дека уметноста може да промени многу нешта, само доколку се заборават личните интереси, и кога сите ќе се издигнеме над ситуацијата, ќе видиме колку сме ние малечки погледнати одозгора. Затоа, од името на оние на кои им е потребна помош, упатуваме апел до сите оние кои можат да ја пружат таа помош, да го прават тоа почесто. Само така можеме да изградиме едно здраво општество .Наскоро ќе почнеме со реализација и на наредните донации кои ги ветивме, иако прогнозираните 10 изведби не ги остваривме. Но, она што е ветено, ќе се реализира. “  рече Саша Нацевски, раководител на  Театар „Чин 4 Сцена 5“,

     Втората фаза од донацијата,на оваа театарска дружина, ќе биде наменета за инсталација на лифт за хендикепирани лица во ЦК „Марко Цепенков“, а третата , за набавка на 4 компјутери за посебните паралелки во ООУ„Климент Охридски.

Денеска во Дневниот центар „Ѕуница“ беше означен крајот на првата најавена донација на театарот „Чин 4 Сцена 5“,проемна на дограмта во “Ѕуница“ на која присуствуваше и Престседателот на регионалната стопанска коморија Прилеп, Ирена Јакимоска и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски

Културата, заедно со бизнис заедницата можат да направат чекор напред кон подобро утре,за сите. Не само за оние кои тоа им треба! Им се заблагодарувам на моите вработени, што зедоа активно учество за оваа иницијатива да се раелизира, а како Претседател на регионалната стопанска комора, им се заблагодарувам на стопанствениците, кои ја поддржаа оваа хумана мисија на Театар „Чин 4 Сцена 5“ – истакна Ирена Јакимоска, менаџерот на компанијата  „Комфи Ангел“ и Престседател на регионалната стопанска коморија – Прилеп, при посетта на Дневниот Центар за деца со посебни потреби “Ѕуница“

Реновирањето на објектот на Дневниот центар “Ѕуница“ значи давање инпут на други здруженија на граѓани и приватни фирми, на ваков начин да учествуваат во донирање средства, бидејќи на децата во „Ѕуница“ и на други институции од ваков тип, помошта им е најмногу потребна. “- посочи  градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

„Ова е добар пример на соработка на јавните инситуции и бизнис секторот. Факт е дека после 17 години од формирањето на Дневниот центар за деца со посебни потреби ‘Ѕуница’, нормално беше да има потреба од негово реновирање. Министерството за труд и социјална политика е заинтересирано овој процес да го направи уште поквалитетен и потранспарентен, бидејќи во постапка е приватизација на објектот. Иако е калибриран за 25 деца, на простор од 350 метри квадратни моментално услугите на Дневниот центар ги користат 19 деца. изјавиДиректорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Прилеп, Живко Сиљаноски  .

 

 

 

Farma Dolneni
Ciflik
Vivafarm