ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

И ЈП за ПУП се закани со кривични пријави за наводни манипулации со јавноста од опозицијата при набавката на новите автобуси

772

Новите градски автобуси на метан и натаму се во центарот на интересот во Прилеп. По најавата дека „доколку Јавното обвинителство не се одважи по допрен глас да го истражи случајот, опозициската ВМРО ДПМНЕ ќе покрене постапка од нивна страна за наводни нерегуларности , денеска прес конференција одржа Марија Цветаноска, ВД директор на ЈП за ПУП.
Цветаноска, не само што ги отфрли наводните манипулации од ОК на ВМРО ДПМНЕ, туку најави и кривични пријави против одредени претставници од опозициската партија, кои, како што напомена таа „континуирано шират клевети и лаги“.

– Изминативе денови претставници на ВМРО ДПМНЕ преку изјави и прес конференции континуирано шират клевети и лаги и невистини за процесот на набавка на новите автобуси на метан. Иако документацијата за јавната набавка е достапна на интернет страната на Бирото за јавни набавки и од неа во целост се гледа да е запазена постапката и законските процедури за набавка на автобусите на 23.08.2019 г. советникот од ВМРО ДПМНЕ Дејан Проданоски покрај другото изјави дека набавката на автобусите според нивни сознанија ја следеле низа контраверзи и криминални активности и дека не бил распишан меѓународен тендер. Додека пак на 27.08 Никола Златески од ОК на ВМРО ДПМНЕ изјави дека со обично пребарување на интернет можело да се забележи дека за ист ваков автобус чинел 150 илјади евра.
Уште еднаш потенцираме дека во набавката на автобусите на метан не постои ништо незаконско. Постапката ја спроведе Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, а не Општината и истата е во целост запазена. Тендерот е меѓународен, спроведен е технички дијалог, документите се преведени на англиски јазик од стручно лице и објавени во меѓународно гласило, а цената на автобусите на метан на пазарот се движи околу 250 илјади евра.
Што се однесува до дилемите кои ОК на ВМРО ДПМНЕ ги пласира во јавност дека наводно недостасување на банкарска гаранција била причина за повторување на тендерската постапка, јасно потенцираме дека тоа е уште една шпекулација.
Постапката ја повторивме поради наша проценка дека се потребни тренинг и обука за техничкиот персонал за новите современи автобуси, што го дополнивме како обврска на добавувачот во повторената јавна набавка.
Заради сето ова тврдењата на опозициската ВМРО ДПМНЕ се груба манипулација со вистината и свесно пласирање на лажни вести во јавноста со цел да го нарушат угледот на Јавното претпријатие и на Општина Прилеп и јавноста да ја манипулираат со измислени приказни за наводен скандал при набавката на автобусите. Доколку во следните 2 дена именуваните јавно не се извинат за искажаните лаги и клевети ЈП за ПУП против нив ќе поведе кривични пријави до Основното јавно обвинителство.

Во продолжение се документите кои Цветаноска ги приложи како доказ од спроведената тендерска постапка.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: