ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

И премиерот Заев ги сефтоса новите автобуси

1.111

Четирите нови еко – автобуси од денеска се ставени во погон за потребите на граѓаните во јавниот градски превоз во Прилеп. На промоцијата присуствуваше премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, пратеници, претставници од јавни претпријатија и граѓани. Градоначалникот Илија Јованоски потенцираше дека модерните автобуси на метан, од турско производство, се први од таков вид во Македонија со „еуро 6“ стандарди.


–Автобусите ќе бидат од корист за граѓаните заради заштита на животната средина. Ќе се плаќаат во рок од четири години, а ги добивме сега. Трошоците ќе се намалат, а прилепчани ќе имаат еколошки превоз – изјави градоначалникот Илија Јованоски.

Возилата набавени за 60 милиони денари, ЈП за ПУП кое менаџира со јавниот градски транспорт ќе ги отплаќа на 4 годишни рати. Директорката на ЈП за ПУП Марија Цветановска рече дека автобусите ќе овозможат редовен, комфорен и навремен градски превоз. Воедно, таа нагласи дека јавното претпријатие ќе излезе од лошата финансиската состојба, со оглед на заштедата на средства за гориво и резервни делови. Наскоро ќе биде воведена нова линија во градскиот превоз по барање на граѓаните до населбата Вишне.

– Овие 4 нови автобуси, Прилеп ќе го направат еколошки град, многу значајно бидејќи знаеме дека со тоа го штитиме здравјето на граѓаните. Ова е многу важна инвестиција, бидејќи покрај транспорт, испраќа една многу важна порака да ги штитиме еколошките вредности, посочи премиерот Зоран.

Премиерот Заев најави дека дел од следните проекти ќе бидат и инвестициите во гасоводната мрежа, што ќе придонесе за дополнително зачувување на животната средина. Пред почетокот на грејната сезона, Владата ја подготвува Програмата со која во неколку градови ќе се изврши замена на грејните тела на фосилни горива, со инвертори и други системи за еколошко греење и ладење.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: