ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

И вечерва, по 78 години, Прилеп исправен пред историјата

824

Централната манифестација од богатата програма по повод 11 Октомври-Денот на народното востание по традиција се одржа вечерва пред Меморијалниот музеј 11 октомври. Импровизиран напад на градот, збогатен со мултимедијален перформанс во изведба на театарот „Сцена 5, Чин 4“ како потсетување на историските настани од 41-та и богат огномет беа дел од чествувањата во предвечерјето на празникот. И годинава гости на прославата беа претставници од Општина Куманово.
Животите на 15 народни херои и 650 борци од Прилеп, се вградени во денешната слобода, затоа и нашиот град го носи епитетот – градот Херој-Првоборец – рече градоначалникот Илија Јованоски.

 

– Наша задача и обврска е да го продолжиме нивното дело, да ја продолжиме современата битка за економски развој, социјална еднаквост, квалитетно образование, за создавање оптимнални услови за развој на секоја сфера во општеството. Ние чекориме и продолжуваме по нивните стапки, го градиме нашиот град, нашата татковина, како безбедна, развиена и просперитетна држава. Сигурно чекориме на патот кон евро-атланските интеграции. Со успешно завршени преговори ја остваруваме стратешката цел – полноправно членство во НАТО Алијансата. Веќе се ставени темелите на безбедна, стабилна и сигурна држава во своите граници. Посветени сме на реформите, за да го резервираме нашето место во семејството на европски развиени и демократски држави – нагласи Јованоски.

Утре, во чест на празникот и на загинатите борци од НОБ и Револуцијата, Прилеп ја возобновува традицијата кога од пред Участакот до Могилата на непобедените и до Алејата на народните херои ќе се реализира граѓански марш за да им се оддаде почит на храбрите и херојски борци.

Делегации на локалната самоуправа, градоначалникот, Советот на општина Прилеп, политички партии и здруженија на граѓани ќе положат цвеќе во Алејата на народните херои, споменикот „Жена борец“ и Могилата на непобедените. Најавено е присуство на бројни делегации од Владата, АРМ, Сојузот на борци, политички партии и граѓани.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: