ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ИН МЕМОРИАМ

5.137

Денеска, на 67 годишна возраст, ненадејно почина, ракометната прилепската легенда, ВЛАТКО КОРУНОСКИ-ЛАРАТА. Влатко Коруноски-Ларата, важеше за еден од ракометни играчки бисери на Македонија и на некогашниоt машки РК Тут- ком. Беше снајперист- левак и секогаш беше еден од најефикасните поединици во РК Тут-ком. Во неговото активно играње од сезоната 1977/78 година, постојано беше меѓу десетте најдобри спортисти на Прилеп и Тутунски комбинат. Се закити и со титулата најдобар спортист на градот. Беше постојан репрезентативец на Македонија и постојано на удар на емисарите да го уловат во своите редови, со што една сезона беше и член на РК „Пелистер“ за повторно да се врати во матичниот клуб и тука да ја заврши ракометната кариера.

Но, тука не заврши неговата љубов кон ракометот.Од 1984/85 тој беше тренер на женската ракометна екипа, заедно со Петар Кузманоски – Таста , кој исто така почина неодамна. Најголемиот успех во тренерската кариера го постигна, во најквалитетниот женски ракометен колектив на РК „Тутунски комбинат“, кои во ракометната сезона 1987/88 станаа второлигаши во некогашната YU женска ракометна лига и тоа беше прв пат РК „Тутунски комбинат“ да има женска вторологишка екипа.
Влатко Коруноски – Ларата е еден од генерацијата легендарни ракометни играчи, кој остана во РК Тут –Ком да го пренесува играчкото искуство.

Влатко Коруноски – Ларата ќе остане запаметен вечно, како легенда на прилепскиот и македонскиот ракомет, како човек кој беше одличен ракометар, уште поголем ракометен стручњак, кој дал голем придонес во развојот на ракометниот спорт, како голем ракометен пријател со големо спортско срце!
Погребот ќе се одржи утре, среда 06 06 2018 г, во 13.00 часот на Градските гробишта во Прилеп.
Почивај во мир „мајсторе“!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: