ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Инстант семејства – мултипликација на љубовта“, изложба на фотографии на Роберт Јанкулоски

368

Во ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков“ во Прилеп, утре 11 ти септември од 20 часот ќе биде отворена изложба на фотографии насловена како „Инстант семејства – мултипликација на љубовта“ од прилепчанецот Роберт Јанкулоски .

Пред посетителите ќе бидат претставени 15 фотографии со големина 80×100 изработени на архивска, памучна хартија, на кои е пренесено авторовото видување за семејството и љубовта, за начинот на виртуелно живеење во денешно време.

Роберт Јанкулоски е роден во Прилеп, 1969 година. Дипломирал на факултетот за Драмски уметности во Скопје на катедрата по камера во 1996. Магистрирал во 2011 на Универзитет за аудиовизуелни уметности – ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк во Скопје. Основач е на Македонскиот центар за фотографија, 2000 година. Реализирал 36 самостојни изложби и учествувал на голем број групни изложби насекаде во светот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: