CSS Template

ИРЕНА ЈАКИМОСКА –  бизнисмен, хуманист – Предлог бр. 11 на Радио Пела за општинска награда “3-ти Ноември“  – Жена бренд

278
Avtokontrol1

Жена бренд- „лавица“ и хуманист!

                                                                                                                                                                                                Таа ја формира и манаџира со компанијата „Комфи Ангел“ која е единствената компанија во Македонија за постелнина, генерално, извозно – орентирана.

Таа се „грижи“ за над 800 семејства во Прилеп , чии членови, еден или двајца, работат во нејзината фабрика. Нејзиното мото е „задоволен работник – успешна фирма“ и по тој принцип воведува секој месец парични  награди за најуспешниот работник. Со особини на скромност , но и реалност, со визија и иновативност, е  максимален борец за зачувување на брендот, кој го гради со години.

 

Претседател е на Регионалната стопанска комора на Прилеп и максимално се вложува за развој на стопанството во Прилеп и пошироко. Нејзината улога во опшественто – културно и спортското живеење е значително присутна .

Неодмана, енегично го водеше клубот, ФК Победа и цврсто сакаше фудбалот да биде на повисок пиадестал . Таа е покровител на многу спортски настани , меѓу кои и прилепскиот турнир во мал фудбал “ Св Никола“.

 

 

Јакимоска  е присутна и во културата, вложувајќи во развој на многу фестивали , културни манифестаци, театарски приредби ,  меѓу кои и во реномираниот театарски фестивал “Војдан Чернодрински’“ …

 

Како голем хуманист, во одредени месеци во годината, производите од Комфи Ангел, се продаваат на плоштадите низ градовите во Македонија, по промотивни цени, а собраните средства се доделуваат во хуманитарни цели, за  дневни центри за деца со посебни потреби, во младински и пионерски спортски клубови , во друштва за лица со посебни потреби, во здравствени установи …

 

Тоа е Ирена Јакимоска, и малку е …! Тоа е жена лавица, работник,  хуманист и двигател за економскит промени. Секогаш,  (политичарите) сметаат, и едните и другите, дека таа е на страната на власта! Но, таа држи само една страна, страната на бизнисот!

Јакимоска : „Градиме компанија која ќе постои и после нас! “

 

 

 

Според законот за авторски права ,не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп

Farma Dolneni
Vivafarm