ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Исполнување или повторно,само ветување?!Заев се сретна со “еурокомпозитовци“: Има понуда од инвеститор за трајно решение фабриката да продолжи да работи

667

„ Еурокомозитовци “ ја искористија посетата на Премиерот и Владината делегација во Прилеп, и се собрааа за да повторно им се обратат, за решавање на нивните проблеми, за кои и во петокот штрајкуваа. Побараа ,повторно да се одговори на нивните барања за трајно решение на деценискиот проблем на блокирана сметка, заостанати долгови и исплата на опремнината на лицата кои заминаа како технолошки вишок.

Премиерот  им посточи дека наскоро ќе се реши проболемот со „Еурокомпозит“ ,бидјеќи се работи за инвеститор  кој работи во областа  на наменската индустрија која е соодветна на профилот на „Еурокомпозит“, со што се отвора можност за решение на проблемот на оваа државан фрима, и со  кое ќе се овозможи фабриката да продолжи да работи -“ но потребно е да се продолжи со производство“ – беше нагласено  на средбата.

„До 25 април треба да влези купецот,доколку се договориме.Опремнините да ни се исплатат 100%,три последни плати,50 % од сите заостанати плати и би останле средства ссамо за 20 % да се платат придонесите.Ние на ова не се сложивме,затоа што бараме придонесите да бидат исплатени 100%,тоа нам ни е најбитно и затоа го започнавме штрајкот.Останаа 15 дена да и Владата разгледа ,и ние се договриме,да се видиме повторно со Анѓушев во Прилеп“-рече Пеце Вељаноски, поранешен вработен во Еурокомпозит.

Инаку, за технолошки вишок се прогласени 154 работници на “Еурокомпозит“ . 60-ина  рабтници се останати на работа во фабриката: од кои, според работниците, најголемиот дел се администрација. 130 работници добиле по 30.000 денари, а 24 кои заминаа последни како технолошки вишок и  имаат добиено само по 5.000 денари,  од по околу 100.000 денари ,колку што секој работник во просек треба да добие отпремнина. Работниците од „Еурокомпозит’ имаат и неземени заостанати плати, и неплатени придонеси за околу шест години.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: