CSS Template

Изгореа два автобуси кај новата автобуска станица во Прилеп

1.170
Avtokontrol1

Утрово, околу 02,30 гореа два автобуси паркирани кај новата автобуска станица во Прилеп, при што е направена голема материјална штета. За среќа нема повредени и човечки жртви.

ТППЕ- Прилеп интервенирала три часа во гаснење на пожарот,  а поради опасноста пожарот да се прошири (бидејќи во близина се наоѓа и бензинската пумпа) било интервенирано со четири протипожарни возила.

Засега не се знае што е причината за опожарувањето на автобусите, но неофицијално, станува збор за автобуси кои не се со прилепски регистарски таблички, односно станува збор за кавадаречки автобуси ,кои возеле за компанијата Дрекслер Маер и тука биле паркирани.

 

Farma Dolneni
Vivafarm