ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Излезе новиот број на списанието „Стремеж“

480

Деновиве за читателската јавност излезе новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“.
Во рубриката Поезија во првиот број на „Стремеж“ за 2019 г. се објавени нови песни од Никола Маџиров, Љубица Трајкоска, Цветанка Колева и Стефан Марковски.
Читателите во рубриката Проза можат да ги прочитаат расказите „За оние кои посакаа да ги испитаат длабочините“ и „Земјата напукнуваше“ од Маја Апостолоска, како и расказот „Конец во јајцето“ од Габриела Стојаноска-Станоеска.
Во рубриката Препеви, преводи во овој број на списанието е објавена поезија од естонскиот поет Јан Каплински во препев на Никола Маџиров, песни од чешкиот автор Карел Сис препеани на македонски јазик од Иван Доровски и песни од молдавската поетеса Маргарета Куртеску (Марија Абрамчјук) во препев на Звонко Танески.
Во рубриката Критики, есеи, студии застапени се: споредбената анализа за сликата на Таткото во македонската и балканската проза „Отец, татко, патер“ на Елизабета Шелева, текстот „Оглед за маргинализираните позиции на хуманистичките дисциплини и на компаративното проучување на литературите денес“ од Славица Србиновска, есејот „Дефиниција на поезијата“ од Борис Апостолов, освртот „За џунџулето на врвот на купот“ од Сузана Ѓорѓиевска кон постумно објавената збирка раскази „Пушти ми музика да поиграм“ на Трајче Крстески и текстот „Рецепцијата на поетското творештво на Богомил Ѓузел во Словачка“ од Звонко Танески.
Во рубриката IN MEMORIAM се објавени био-библиографијата и песни на поетот Ристо Јачев (1942-2019), како и освртот од Иван Антоновски за неговиот живот и творештво „За урнатиот олтар…“. Исто така објавени се и био-библиографијата и песни од поетесата Вера Чејковска (1954-2018), како и текстовите на Иван Џепароски посветени на неа и на нејзиното творештво: „Возвишените веди на Вера Чејковска“, „За една промоција и за една преписка“ и „Земјотрес и суеверие“.
Во рубриката ТЕАТАР е објавен текстот „Адресар Б.Б.“ во кој Сашо Димоски се осврнува на животот, делата и мајсторското актерство на Билјана Беличанец.
Рубриката ПСИХОЛОГИЈА го донесува текстот „Нарцисоидното нарушување на личноста“ од Даниела Грујевска.
Списанието „Стремеж“ го издава НУКЦ „Марко Цепенков“ од Прилеп со поддршка на Министерството за култура.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: