ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Извонреден концерт на „Монистра“ во Прилеп (ГАЛЕРИЈА – ВИДЕО)

614

Етно составот МОНИСТРА синоќа одржа целовечерен концерт во Прилеп. Едноставно, разиграно, весело Монистра ја понесе публиката низ шаренилот од изворни мелодии кои ја галат душата. Присутните уживаа во несекојдневното музичко задоволство.

https://www.facebook.com/nuckmarko.cepenkovprilep/videos/1828089637271498/

На репертоарот беа изворни народни песни, виртуозни ора преку што беше претставен специфичниот музички израз, кој досега беше промовиран на бројни музички манифестации и фестивали низ Македонија и во странство.
Етно составот „Монистра“изучува, негува, го чува и го презентира најубавиот дел од културното наследство на Македонија, а тоа секако е македoнската изворна музика.

https://www.facebook.com/nuckmarko.cepenkovprilep/videos/1828091647271297/

Почетоците датираат уште од 1992 година кога членовите на составот стануваат дел од КУД „Цветан Димов“ од Скопје. Сите се музички образовани, а нaстапувале и на Фестивалот на изворни инструменти н песни „Пеце Атанасовски“.
Првично, концертот беше најавено дека ќе се одржи на просторот кај Градскиот саат, но поради нестабилните временски прилики, настанот се одржа во големата сала на Центарот за култура.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: