CSS Template

Јакимовска: Да се почитуваат препораките на Министерството за здравство поврзани со коронавирусот! Здравјето на работниците пред се!

4.611
Avtokontrol1

– Ве замолувам да си веруваме и да им веруваме само на официјалните препораки и информации кои излегуваат од страна на Министерството за здравство. Тие се оние препораки кои треба да ги следиме поврзани со коронавирусот.  Да избегнуваме ракување и гушкање со колегите, да миеме раце и секако да се почитуваат сите препораки кои се поставени во кантината на компанијата и низ нашата фабрика,  вака,  ја започна редовната средба со вработените, менаџерот на компанијата Комфи – Ангел, Ирена Јакимовска, говорејќи најпрво,  за најважната работа , здравјето на работниците и за актуелната состојба со коронавирусот.

 

Овој пат, средбата со вработените се одржа на отворено, во кругот на фабриката, почитувајќи ги препораките на Министерството за здравство, да нема средби на повеќе лица во затворен простор.

 

Дополнителна мотивација за работниците

кои ќе најдат замена за грижата на нивните деца

Јакимовска истакна дека мерките кои Владата ги донесе се одлични: „Тоа се мерки коjа секоја влада би ги поставила.  Дефинитивно, ги поддржуваме и почитуваме,“  рече таа.

Од компанијата Комфи – Ангел, Прилеп,  родител – работник, кој што има дете до 10 години, а нема кој да се грижи за него, ќе биде ослободен/а од обврските за работа. Ова важи исто така и за трудниците и оние вработени кои се хронично болни.

„Доколку некој од родителите обезбеди замена за грижа на своето дете, баба, дедо, близок роднина и сл. и  доаѓа на работа, се посвети на компанијата, овозможувајќи и’ на компанијата да го има како работник на располагање, тие работници, дополнително ќе бидат мотивирани и наградени од страна на компанијата.  Но, сите оние кои нема да ги почитуваат правилата или ќе ја искористат оваа ситуација, на овој или на оној начин,  (состојба во која несакано се најдовме)  и ќе ја злоупотребат државата или компанијата,  ќе се најдат на листата на лица, кои не припаѓаат во системот на компанијата Комфи – Ангел,“- потенцираше Јакимовска, при редовната средба со работниот колектив.

Најважно во овој период, кога состојбата со коронавирусот се менува на дневна база, потребна е присебност  и смиреност.  Паничните реакции само ќе ја отежнат битката која што се води во земјава, беше кажано на средбата.                              

                         Време е за солидарност, а не за паника!        

„Денеска, слушнав еден коментар од вработен, кој рече: Што ми е гајле, тоа е сепак грижа на државата!

Ве молам, таа држава не е туѓа, таа држава е наша! Во вакви моменти, треба да покажеме заедништво, одговорност, колективна свест и совесност за нашето постоење, делување и треба да бидеме максимално дисциплинирани, бидејќи ако мечката заигра во соседството, ќе заигра и кај нас . Немој да сте ја злоупотребувале ниту државата , бидејќи таа е наша, не е туѓа, ниту компанијата, бидејќи таа е наша компанија, не е туѓа. Тука, ги остваруваме нашите работни активности, нашите задачи и права. Време е за солидарност и заедништво!„

Градиме компанија која ќе постои

после нас! Здравјето на работниците пред се’!

„ Зошто јас постојано зборувам да го градиме капиталот на компанијата, токму, заради вакви ситуации. Не дај Боже, да ескалира ситуацијата и да не може да доаѓаме на работа, оваа компанија е подготвена да го издржи тој удар, заради тоа што сите ние заедно, со нашето работење, направивме зголемен капитал. Тоа  е поентата на постоењето на компанијата Комфи – Ангел, да може да ги издржи сите удари кои се непредвидени, како што е овој со коронавирусот. Затоа, ве замолувам да бидете јаки, солидарни одговорни и да се носиме со вакви ситуации.  И,  затоа нагласувам,  компанијата е над сите нас!“

„Меѓутоа , во овој момент, кога се работи за здравјето на нашите вработени, за здравјето на нивните семејства , фокусот треба да биде на здравјето и извлекување од оваа ситуација во која сме најдени сите. Потребна е самодисциплина и да покажеме дека и ние знаеме да почитуваме! Се’ ќе помине, но ова е можност да покажеме: доследност, колективност,  за да докажеме дека можеме да ја надминиме секоја ситуација која што следи и во иднина“, рече Јакимовска.

Дарко Стојаноски добитник

на традиционалната месечна лотарија

   

Така е редот, во Комфи – Ангел-Прилеп , предходниот добитник од солидарниот фонд на компанијата , да го извлече среќниот работник за месец март. Со насмевка, тоа го направи Деан Туманоски и му донесе среќа и паричен фонд од близу 40.000 ден. на својот колега, Дарко Стојаноски.

Дарко е , така речено, нов работник во компанијата Комфи –Ангел,  бидејќи тука е само година и пол. Вели,  дека е среќен и задоволен во оваа компанија, зашто условите за работа со колегите и менаџментот биле различни од предходните работни ангажмани во фирмите каде работел.

 

Ирена Јакимовска, менаџер на Комфи – Ангел- Прилеп и Дарко Стојаноски – среќниот добитник !

 

 Во компанијата Комфи – Ангел сум вработен година и пол како „балирач“, ги собирам торбите во бали и ги вакумирам. Тоа е мојата работна позиција ..Сум работел во повеќе фирми, но морам да потенцирам, ова ми е прва награда во мојот работен век. Затоа сум среќен!  Парите ќе ми бидат добредојдени , за потребите на моето семејство.  Засега не планирам да ја променам компанијата во која работам, затоа што сум задоволен од менаџментот кој секогаш ни излегува во пресрет, за сите  потреби, што не е беше случај во другите фирми каде што сум работел.  Среќен сум што сум дел од тимот на Комфи – Ангел! – рече Дарко Стојаноски

Дел од средствата од фондот,како што е  вообичаено, секој месец ,компанијата ги доделува и на вработен за хуманитарна цел, кому му се најпотребни. Овој месец парите од фондот, менаџментот одлучи да му ги додели на Игор Алексоски, за лекување на член од неговото семејство.

 

Столици за работниците

За подобрување на условите за работа, по барање на работничкиот комитет, овој месец набавени се ергономични столици за работниците,  шивачите во компанијата со цел да нема штетни последици по здравјето на врботените, поврзано со работната позиција.

 

 

 

 

 

 

 

 

semm
seishin
Farma Dolneni
Vivafarm
Semafor