ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Јакимовска: „Комфи Ангел“ има капацитет за производство на 200.000 парчиња заштитни маски.

1.457

„Комфи Ангел“ ќе произведува заштитни маски, кои еден дел ќе ги донира, а другите ќе бидат наменети за комерцијални цели.  Компанијата инвестираше во набавка на нова машина за автоматизирано производство на маски, која ќе овозможи повеќекратно зголемување на производството ,па заштитини маски ќе има и за потребите,  не само за Македонија ,туку и за регионот.

„Ова се маски кои се рачно изработени, не се сертифицирани и се од материјал кој што во моментов го имаме на лагер и кој во истиов момент го користиме и за изработка на скафандери. Во фирмата донесовме одлука за преструктуирање на дел од производството, кое ќе се фокусира на потребите на здравствените институции од нашата земја, а доколку постои простор, би помогнале и на медицинските лица од регионот“, напомена Ирена Јакимовска, менаџер на компанијата.

   Барања за набавка на маски може да се достават до тим заа Продажба на mail адреса: [email protected].,а воедно,до компанијата можат да се достават   барања за донации од производите  (перници, јоргани, заштитници за јога),  пред се, се за потребите на медицински центри и кризни штабови кои се борт со корона вирус, на mail аддреса: [email protected].

 

Ирена Јакимоска, како сопственик на компанијата „Комфи Ангел“ и претседател на Регионалната комора – Прилеп ја истакна соработката со регионалниот  штаб за управување со кризи и рече дека членките на Регионалната комора ќе продолжат со донирање средства за одржување на хигиената  и друга материјална помош за најзагрозените категории на граѓани.

Деновиве Дел од вработените од Комфи Ангел заедно со SMJ Clean – Сервис за чистење Битола и општина Прилеп, учествуваа и во чистењето и дезинфицирањето на улиците во Прилеп.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: