ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ајде сите деца на театар – единствен театарски фестивал за деца „Силјан Штркот„

1.269

Во одлична организација, која одамна не била организирана во Прилеп кога станува збор за прес конференција , подготвени и со краен пиетет, респект, почит кон новинарите , кои ја доближуваат публиката до настанот и случувањата , денеска Здружението на граѓани „Мал Прилепски Театар“, ја пренесе својата идеја за организирање на  првиот театарски фестивал за деца „Силјан Штркот“ кој викендов ќе се одржи во Прилеп.

Она што беше уште поголемо изненадување за новинарите беше изложбата во фоаето на театарот „Војдан Чернодрински „  на 94 -ри детски слики , изработени од најмалите , децата од  детските градинки „Наша иднина“-Прилеп , со единествен  мотив – ШТРК , секој како што си го замислил.  И, невообичаено, наместо, новинарски беџови, новинарите добиа маици,  со логото на фесивалот,  кои ќе им преставуваат „влезици“ , за да ги следат и да информираат за театарските случувања овие три дена во Приелп , во кои главната улога ја има публиката – децата.

„Поттикнати од идејата на МТФ„Војдан Чернодрински“, сакавме да направиме сличен фестивал, но за деца. Со овој фестивал сакаме да ги пораснеме децата во сериозни театарски критичари кои ќе знаат да препознаат квалитет. Целта ни е од  најмали нозе да ја учиме публиката колку е важна културата и односот кон неа„, истакна Марија Спиркоска Илиеска.

           

Големиот интерес за детски татарски престави ги натера организаторите да размислуваат идната година театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ да преасне во фестивал кој би се одржувал цела недела ,со повеќе претстави, престави и од театари за деца од соседните земји, и фестифалот да остане како предвесник на театарскиот фестива за возрасни “Војдан Чернодрински“,фестивалот наменет за возрасни.

 

А, дека интереот е голем потврдува и тоа дека влезници повеќе нема !

 

„Една од главните причини за нашето делување на овој начин е да ги оттргнеме децата од модерниот начин на живот. Животот не се случува само пред екраните на мобилните телефони, таблетите и  компјутерите. Претставите кои што ќе бидат дел од првото издание на овој фестивал се: ‘Црвенкапа’ од Театарот од Велес, ‘Малиот Принц’ од Театарот Сенки и облаци од Скопје, ‘Заборавените кукли’ од Театарот од Битола и ‘Грдото пајче’ од ТДМ од Скопје. Сите овие наслови се лектири во основно образование“,  истакна Ангела Наумоска.

Фестивалот кој ќе се одржи на 31 -ви мај и 1 –ви и 2-ри јуни  ќе го отвори театарот „Јордан Х.К-Џинот“ од Велес, в петок, 31 мај, во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп с,о почеток во 19 часот со претставата за деца „Црвенкапа“ во адаптација на Сашо Димоски, а во режија на Деан Дамјановски. В сабота,1-ви јуни ,  во 12,оо ч. во кино салата „Мис Стон“ е преставата „Малиот Принц“ на театарот на Сенки и облаци од Скопје, а во центарот на градот кај саат кулата во 20,оо ч ќе биде прикажана пртставата „Заборавените кукли“  од театар Битола, додека,  в недела, фестивалот ќе го затвори претставата „Грдото пајче“ од театар за деца и младинци Скопје , која ќе се прикаже во театарот “Војдна Чернодрински“, во 19,оо ч.

 

На ова ќе следат многу придружни манифестации ,а како надополнување на содржинскиот дел на фестивалот изработена е маскота,Силјан Штркот кој же ги забавува децата ,посетители на театарот Ликовно решение за името на овој фестивал израбтено од Александар Џинго и Бојана Мартиноска Трпческа, организаторите нагласија дека го симболизира процесот на  преобразбата на  Силјан Штркот од штрк во човек и обратно.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: