ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЈКП Комуналец: заостанатите долгови граѓаните да ги отплаќаат на рати, без дополнителни трошоци

581

За да им излезе во пресрет на домаќинствата кои во изминатиот период од разни причини имаат долгови кон ЈКП,, Комуналец” – Прилеп, ова комунално претпријатие овозможува отплата на рати. Ова се прави, како што стои во соопштението од ЈКП Комуналец Прилеп, граѓаните да не плаќаат дополнителни средства согласно актуелната законска регулатива.

– ЈКП,, Комуналец” – Прилеп ги информира и замолува граѓаните кои имаат неплатен долг од 6 и повеќе сметки, но и должат по основ на правосилни платни налози кон ,,Комуналец“ , да се јават во седиштето на ул,, Александар Македонски,, бр 302, ( стара цвеќара), со цел да склучат Договор за отплата на заостанатиот долг на рати.
Доколку не се направи договор за отплата на заостанатите сметки 6 или повеќе, ,,Комуналец”, ќе врши утужување на секој заостанат долг. Со тоа врз товар на граѓаните ќе паднат и сите други трошоци поврзани со поднесувањето на тужбата за неплатениот долг, се вели во соопштението од ЈКП,, Комуналец” – Прилеп.

Повикот е упатен до сите граѓани и домаќинства кои имаат 6 или повеќе неплатени сметки, а со цел да не бидат изложени на дополнителни трошоци. Трошоците поврзани со судски надоместоци ќе бидат избегнати со склучување на Договор за отплата на долгот, кон Јавното претпријатие, стои во соопштението.

За дополнителни информации во врска со отплата на заостанатите долгови граѓаните да се јавуваат на тел: 048/428 992

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: