ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЈОУГД „Наша иднина“ Прилеп ги подобрува условите за работа

1.550

Во четирите објекти на Јавната установа детски градинки Наша иднина Прилеп континуирано се подобруваат условите за работа и престој на децата, истакна на денешната прес конференција директорката Бети Спиркоска.
-Во периодот од последниве 4 месеци во ЈОУГД Наша иднина во објектот на градинката „Гоце Делчев“ се реконструираа санитарните јазли, се смени ПВЦ дограмата со што се променија условите во објектот. Наскоро започнува изградба на нова котлара и замена на стариот котел со нов.

Во објектот во Тризла, исто така се изврши реконструкција на санитарните јазли, а ќе се отпочне и со реконтрукција на покривот. Во градинката Али Чаир се изврши реконструкција на санитарните јазли, а во градинката во населбата Бочејца се стартува со уредување на дворната површина со патеки за физички активности на децата, рече Спиркоска, која потсети дека подновен е мебелот за престој на децата.

Според планот за работа ќе се реализира промена на ПВЦ дограмата, а оваа градинка ќе добие и нова фасада.
Во моментов услугите на ЈОУ Детска градинка „Наша иднина“ ги користат 1.460 деца, за кои се грижат 158 вработени.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: