ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Јованоски: Без паника, обезбедени се дежурни продавници и аптека за време на продолжениот полициски час !!!

1.720

Општина Прилеп изминативе денови изврши комплетна дезинфекција на градот. Се прават последните подготовки за викенд-полицискиот час. Пријавени се маркетите кои ги обезбедуваат условите за работа во вонредни услови, а ќе работи една дежурна аптека „Каракаш 2“ која ќе функционира 24 часа во текот на денот, и тоа само по телефонски повик на матичен лекар или на Итната медицинска помош. Доставувањето на лекарствата до граѓаните ќе го вршат волонтери на Општина Прилеп. Во сабота и недела, од 7-15 часот ќе работат и 5 маркети, кои со сопствен превоз ќе вршат достава до домовите на граѓаните на најнеопходните прехранбени производи. 

 

– За викендот дежурна ќе биде аптеката „Каракаш 2“ која ќе биде на располагање на повик, и за Службата за итна медицинска помош. За време на полицискиот час ќе работат маркети кои ги исполнуваат условите, како и други компании кои веќе обезбедиле дозволи. Од понеделник до петок се активни волонтерите кои вршат набавка на артикли за старите и изнемоштени лица, за смаохраните родители, за социјално-ранливите категории граѓани. Телефонските броеви на кои граѓаните може да ги побараат нашите волонтери се: 048 401 700 и 0800 00210, потенцираше градоначалникот Илија Јованоски по завршување на состанокот на Општинскиот кризен штаб.

Полицискиот час за време на викендот, според новите рестриктивни мерки како превенција од ширење на корона вирусот, ќе трае од петок 16 часот до 5 часот во понеделник . За време од овој период, дозволите за движење да не се злоупотребуваат, нагласи Јованоски.

– Апелирам до оние кои имаат дозволи за движење за време на полицискиот час во викендот, да ги користат за она што им е неопходно и во вистинско време и да не се злоупотребуваат. Воедно, апелирам, утре, кога граѓаните ќе пазарат за викендот да не се прават нереди и турканици, туку да се почитуваат мерките. За работа во викендот има пријавено 4 до пет маркети кои може да вршат достава на храна и продукти, рече Јованоски.

Компаниите, оние кои се придржуваат кон мерките и препораките од Министерството за здравство за посебен режим на работа во вонредни услови ќе продолжат да работат, со обезбедени дозволи за движење за работниците.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: