CSS Template

Јубилејно издание П.С. Гитар Фест во Крушево

37
Avtokontrol1

Во фокусот на љубителите на музиката наредната недела ќе биде туристичко Крушево. Од 18-ти до 20-ти јули ќе се одржи 10-тото јубилејно издание на П.С. Гитар Фест. Манифестацијата ја започна пред една деценија Христо Христоски – Мулар, а втора година по ред ја организира неговиот син Перо Мулар. Настаните ќе се одржуваат на повеќе локации – соодветни амбиентално за делата кои ќе бидат изведени. Станува збор за солистички концерти на познати македонски и балкански гитаристи и музичари.
Првиот ден на 18 јули ќе се претстават Васко Пилиќев и Таќи Дробаров, во Дом на култура „Наум Наумовски Борче“ во Крушево. Наредниот ден во Спомен куќата “Тодор Проески ќе настапи со солистички концерт Бојан Ивановски Fingerstyle (Srb),
Последната вечер е резервирана за познатиот Владимир Четкар, Секстет, а концертот ќе се одржи во градскиот парк Крушево.
П.С. Гитар фест е поддржан од Општина Крушево, Министерство за култура, НЛБ банка.

Ciflik
Vivafarm
Farma Dolneni