CSS Template

Кај Лагово, тешка сообраќајка – жена тешко повредена

206
Avtokontrol1

Во близина на клучката кај Лагово, на патниот правец Прилеп – Битола, вчера попладне се случила сообраќајна несреќа, при што С.Д.(54) е тешко повредена.
Несреќата се случила во момент кога Н.Д.(61) од Струга, управувајќи товарно возило „форд транзит“, со скопски регистарски ознаки, удрил во земјена препрека на патот.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Д.(54) и била пренесена во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Vivafarm
Farma Dolneni