ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Како Прилеп го одбележа денот на македонскиот непокор – 11 Октомври ?

604

Борба, Непокор, Херои, Минато, Слобода, Иднина, Европа…

ПРИЛЕП градот херој, градот првоборец кој што дал 10 првоборци, 15 народни херои и 650 борци за денеска ние да го живееме сонот на нашите предци во слободна и демократска Македонија, гордо, достоинствено, исправено го одбележа најголемиот национален празник Денот на народното востание.
Бројни делегации, граѓани утринава оддадоа почит со положување свежо цвеќе пред спомениците на прилепските херои, идеолози, револуционери Методија Андонов Ченто и Кузман Јосифоски – Питу.


По пауза од неколку децении, а можеби годинава за прв пат од независна Македонија, Општина Прилеп одлучи да го возобнови маршот кој што започна од пред паметникот на македонскиот непокор –Участакот. Ученици, граѓани, претставници од Владата, АРМ, Сојузот на борци, локални организации и институции, гордо и достоинствено, со знамиња,со насмевка, чекореа по патеката од каде што се’ започна, до Могилата која зрачи со херојските дела на великаните, да оддадат почит на револуционерите, на непобедените.


– 11 Октомври 1941 година е логичен продолжеток на револуционерната борба на Македонија во изминатите децении и векови. Нашите храбри борци на прилепскиот одред „Гоце Делчев“ отворија нова страница во историјата на македонскиот народ. Во текот на народно ослободителната војна од прилепско зедоа учество 2700 борци, истакна градоначалникот Илија Јованоски меѓу другото во своето обраќање.
Од името на општинскиот одбор и претседателството на Сојузот на борци се обрати Круме Соколоски, кој потенцираше дека е емотивно поврзан со Могилата на непобедените поради што 5 мина членови на неговото семејство почиваат тука.
– Сакам да упатам апел до сите, да не доволиме ги заборавиме сите оние кои ги положија своите животи за нашата земја и да се обидеме сите заеднички да изградиме општество на помирување кое што ќе го темелиме на соживот, просперитет и благодет за идните поколенија.Денеска го живееме сонот на нашите предци, но истовремено сме исправени пред нов предизвик – денеска ја градиме европска Македонија, која почива на темелите на слобода, демократија и човекови права, рече во своето обраќање Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.
Во честитката упатена од опозициската ВМРО ДПМНЕ, по повод 78 години од почетокот на народното востание, претседателот на ОК на ВМРОДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески на прес конференција потенцираше дека е време за обнова на Македонија.
– Ние како генерација имеме обврска да продолжиме со градење на современа македонска држава, силна и перспективна Република Македонија. Од Прилеп започнало тогаш, за брзо од Прилеп ќе започне и сега, обновата на современа македонска држава, рече Ристески.
Чествувањата и настаните, од програмата за 11 Октомври, продолжуваат и во наредниве денови, а во тек се спортски манифестации и културно забавни интерактивни содржини.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: