ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Како Прилеп го одбележа големиот македонски празник?!

675

Преставници од Советот на Општина Прилеп, предводени од Претседателот на Советот на Општина Прилеп, градоначалникот на Прилеп, делегации на Сојузот на борци, преставници од политички партии и здруженија на граѓани, вденекса положија цвеќе и се поклонија  пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто и на Могилата на непобедените, одбележувајќи го најголмиот државен прзник 8-ми Септември .

 

По тој повод, Претседателот на Советот на Општина Прилеп и Претседател на ОО на СДСМ, Миле Талевски на својата  facebook страна напиша:

„Славиме 28 години независност, самостојност и сувереност. Денеска оддаваме почит на сите борци и херои кои ги вградија своите животи во македонската државност. Го продолжуваме аманетот на предците и градиме современа и развиена држава, членка на најмоќните светски сојузи, држава со сигурна и безбедна иднина за младите и идните поколенија. Нека ни е честит 8.Септември, Денот на независноста!“

А, Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп и координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ при Советот на Општина Прилеп , Петар Ристески  на својата facebook страна објави:

„СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ТАТКОВИНО, ДА НИ СИ ВЕЧНА!!!
На денешен ден 1991г македонскиот народ на референдум се изјасни за НЕЗАВИСНА,СУВЕРЕНА,САМОСТОЈНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.Со тоа се оствари вековниот идеал на македонскиот народ,но денес за жал квазиполитичари,разно разни трговци со македонските национални интереси ја суспендираат народната волја јасно изразена на референдум.
Еве да му порачам на овие изроди да знаат дека никој не победил народ а посебно не идеја,идеја за НЕЗАВИСНА,САМОСТОЈНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА СО ЕДНО ИМЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!!
ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА 8ми СЕПТЕМВРИ!!„

 Македонија денеска слави 28-ум години од својата независнот.

„Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!“ – Ова беа зборовите на претседателот Киро Глигоров кој на преполниот плоштад во Скопје на 8 Септември 1991 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој македонскиот народ со огромно мнозинство од 95% се изјасни за осамостојување на Република Македонија од федеративна Југославија во која се распламтуваше граѓанска војна.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: