ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Каква е состојбата со Вештачкото езеро Прилеп?

1.210

Ветената помош за земјоделците за справување со штетите од невремето кое го зафати во два наврати прилепско во јули годинава, но и состојбата со најголемата микроакумулација во Општина Прилеп – Вештачкото езеро, беа тема на денешната прес конференција на ОК на ВМРО -ДПМНЕ. Од таму обвинуваат и алармираат дека поради испуштање на 3 500 м3 вода од езерото на земјоделците, на претпријатието и на животинскиот свет им се прави штета.
– Со ова можно е да нема вода за наводнување следната сезона. Како ќе се наполни езерото ако нема дождови и снегови? Дали е вистина дека се работи за странска инвестиција од 9 милиони денари, а станува збор за шибер, кој не е ни важен? Доколку е така, дали не е подобро парите да се пренаменат за санација на линиите за наводнување и одводнување? Ако сега се испразни езерото нема теоретски шанси да се нсполни до наредната сезона.
Ве повикуваме итно да запрете со овој ваш проект за празнење на езерото, а ги повикуваме со свое мислење за ова да се вклучат и земјоделците и екологистите. рече Влатко Петкоски – портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Од надлежното јавно претпријатие АД „Водостопанство на РМ“ подружница „Прилепско поле“ Прилеп во реакција на пресот по електронски пат велат дека е точно оти„по завршувањето на сезоната за наводнуваење 2018 година, започна со контролирано испуштање на водата од акумулацијата „Прилеп“. Станува збор за реализација на ревидиран проект „Реконструкција на темелен испуст на Брана „Прилеп“ изработен во месец Јули 2017 година.
„Изведбата на проектот е според задолжувањата од решенијата по спроведениот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина и просторно планирање – Инспекторат за водостопанство, континуирано неколку години наназад, а преставува наша законска обврска според Законот за води, па непостапувањето по истото би значело и евентуално одземање на дозволата за наводнување.
Исправноста на темелниот испуст е многу важна и за евентуално контролирано испуштање на водата во случај на елементарни или други непогоди, а со цел да се обезбеди доволен простор за апсорбирање на вода при поројни дождови и поплави. Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од UNDP во износ од околу 9.000.000,оо денари и се строго наменски за реализација на истиот. Браната и акумулацијата „Прилеп“ се пуштени во употреба во далечната 1967 година и до сега не е вршена реконструкција на темелниот испуст.
За целокупната реализација на овој проект преку Дирекцијата на АД „Водостопанство на РМ“ Скопје известени се сите надлежни институции и Министерства како и Концесионерот на рибниот фонд за превземање на соодветни мерки од нивна страна.“, стои во писмената реакција на подружница „Прилепско поле“, од каде што стои појаснување дека станува збор за решавање на долгорочен проблем, и дека нема простор за грижа на водокорисниците за наредната водоснабдителна сезона.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: