CSS Template

Кичевчани најдобри на турнирот во Кривогаштани

382
Avtokontrol1

Заврши синоќа третиот по ред турнир во мал фудбал во Кривогаштани. Оваа година најдобра екипа е Ресторан Милениум од Кичево која во финалето беше подобра и со минимална победа ја совлада екипата на Бучин со 1:0.
Во малото финале екипата на Теа Андреа го совлада тимот на Центар со 2-1 и со тоа го освои третото место.
Со тоа првопласираната екипа Ресторан Милениум од Кичево ја понесе паричната награда од 70.000 денари.
Второпласираната екипа на Бучин освои 30.000 денари, додека третопласираната екипа на Теа Андреа доби награда од 15 илјади денари.
Ѓорѓи Стрезовски од екипата на Бучин е прогласен за најдобар играч на турнирот, додека голманот на екипата на Ресторан Милениум – Линди Спахиу е прогласен за најдобар голман.
Наградите и признанијата на овогодинешните победници ги врачи градоначалникот на Општина Кривогаштани, а на турнирот присустваа и градоначалниците на соседните општини Долнени и Крушево. Турнирот се одржува под покровителство на  Општина Кривогаштани, а учество зедоа вкупно 32 екипи.
И оваа година се покажа дека за овој вид на спортски манифестации има голем интерес не само кај месното население, туку и навивичи и љубители на фудбалот од соседните општини и регионот, што е показател дека традицијата треба да продолжи и понатаму.

 

Farma Dolneni
Vivafarm