ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Kои прилепчани ќе се најдат на пратеничките кандидатски листи?!

829

Со наближувањето на рокот за доставување на пратеничките кандидататските листи до ДИК за престојните предвремени парламентарни избори , закажани за 12 април, прилепската чаршијата веќе шпекулира со имиња на прилепчани,  и од едниот и од другиот полтички табор,  кои, наводно  би се нашле на изборните кандидатски листи. Се спомнуваат имињата на актуелните пратеници, но и на актуелните активисти od ОО на СДСМ-Прилеп и ОК на ВМРО ДПМНЕ- Прилеп .Се споменуваат и имиња на жени политчки активисти.

Но ,официјално, кандидатите на коалицијата на СДСМ ќе бидат познати в понеделник, на 9-ти март,  на партискиот Конгрес , а на огласот се пријавиле 2000 кандидати.  СДСМ на овие избори ќе оди во коалиција со БЕСА, но можно е и проширување на коалицијата.

ВМРО ДПМНЕ, пак,  вторник ќе одлучува за кандидатските листи, кои јавно ќе биле  објавени во среда,  на 11-ти март, на партиската Конвенција.

Рокот за поднесување на кандидатските листи за пратеници истекува на 12 март .

Според календарот на изборни активности, предизборната кампања официјално треба да започне на 23 март и да трае 20 дена, односно до предвидениот молк пред изборниот ден, на 10 април во 24 часот.

Но , политичката кампања, кај нас , пред секој изборен циклус по некое непишано правило неофицијално започнува многу порано и трае многу подолго, замаскирана зад флоскулата партиски активности и средби со граѓаните.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: