CSS Template

Кој доби награда на Државниот фестивал на непрофесионален филм, каде град – домаќин беше Крушево?!

118
Avtokontrol1

Oпштина Крушево,  беше домаќин на 48-от Државен фестивал на непрофесионален филм. На фестивалот, организиран од Киносојузот на Македонија, во официјална конкуренција од пристигнати 28 филмови на 24 автори, се најдоа 15 авторски дела, избрани од стручното жири, од кои пет  самостојни авторски дела, а останатите изработени од кино-клубови.

Филмот „Збогум“ ги собра  годинашните авторски награди – наградата за најдобра монтажа за Пеце Здравковски и Ѓорги Вацев, за најдобра музика и камера за Ѓорги Вацев,  како и наградите за сценарио и режија за  Пеце Здравковски.

Сребрена плакета доби документарниот филм „Ах!” за младиот прилепски автор Горан Попоски од фото клубот „Прилеп“
 

Бронзената плакета за едноминутниот филм „Сон” ја доби Александар Арсовски од Филмската академија во Штип, Златна плакета за експерименталниот филм „58″ му пирипадна на Драги Неделчевски, Бронзена плакета за документарен филм ја доби  Ема Лазарова од КВК „Студио Милтон Манаки” за филмот „Рајчица”, Сребрена плакета доби документарниот филм „Ах!” на младиот автор Горан Попоски , од Фото кино клуб „Прилеп“, Бронзена плакета за краток игран филм „Време за избор” му припадна на Кристина Даниловска од Скопје, Сребрена плакета за краток игран филм на Давид Дољаница од ЕФТА за филмот „Плави теретни воз”, додека Златна плакета за краток игран филм доби, тетовката Ана Андонова за филмот „Секунда до вечноста“.

Од авторските филмови на фестивалското издание, направена е и селекција од седум авторски дела, што ќе ја претставуваат Македонија на светскиот натпревар во непрофесионални филмови УНИКА, кој во август ќе се одржи во германскиот град Дортмунд.

Неколку наградите, како добар домаќин, на најуспешните им ги додели градоначалникот на Крушево ,Томе Христоски,кој ги покани гостите и „филмаџиите“ повторно да го посетат Крушево!

Националниот фестивал на непрофесионален филм се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија.

 

Farma Dolneni
Vivafarm