ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Комбинатот започна со откуп на тутунот

742

Од денеска се вклучуваат откупните компании за преземање на тутунската реколта од актуелната сезона. Најдоцна до 15 ти декември според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на располагање на тутунарите треба да им бидат 195 откупни пунктови со 233 ваги на ниво на државата, што е за 30 ваги повеќе од лани.Тутунски Комбинат Прилеп денеска во централниот пункт ја започна откупната кампања од реколтата 2018 година. На стартот од откупот присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и од Прилеп порача дека се очекува непречен откуп со стабилни откупни цени.
– Оваа година се ислатија над 28 милиони евра по основ на новиот модел за зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017-та и тоа за првпат навремено, кога им беа најпотребни на тутунарите. Со новиот модел на зголемени субвенции, субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи. Со новиот Закон за тутун, се очекува укинување на евидентни листови, но целата процедура ќе се прави внимателно и постепено. Ова ќе значи намалување на административни процедури кои ги имаат тутунарите, бидејќи тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија а сите бирократски формалности ќе бидат преземени од тутунските компании, потенцираше Николовски.
Тутунски Комбинат Прилеп подготвен стартува за новата откупна сезона.
– Плаќањето ќе биде по три дена по откупот. Комбинатот е подготвен како организационо, така и финансиски да го преземе родот од оваа година. Ќе работиме на 24 пунктови со 34 ваги, посочи генералниот директор на Тутунски Комбинат Кирил Станкоски. Имено, според зацртаната динамика веќе од среда 21 ви ноември ќе бидат отворени и откупните пунктови во населените места.
Според информациите од Државниот инспекторат за земјоделство, од 9 те откупни компании една не обезбедила доволно финансиски средства како гаранција за почеток на преземање на реколтата. Станува збор новата компанија Мисиријан на која инспекторатот им дал рок до 15 декември да ги обезбеди потребните средства.
Просечната откупна цена за ланската реколта достигна 217,6 ден за килограм, а беа исплатени субвенции според новиот модел во три нивоа.
Во годинешната реколта се засадени 14.802 хектари со тутун, а склучени се 34.104 договори со 9 откупни претпријатија. Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пријавија 23.430 издадени евидентни листови. Вкупната договорена количина за откуп изнесува над 29.000 тони тутун., но на терен според тутунските здруженија реалните количества се за 7 до 8 милиони кгр помалку, што се должи на лошите временски прилики, но и на одливот на работна сила во странство.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: