ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Комфи Ангел го прослави својот 14-ти роденден

997
Ирена Јакимоска-менаџер (косопстеник)

И, фирмите се раѓаат и имаат датум на своето раѓање. Кога се успешни и растат низ годините, славењето на роденденот е големо задоволство. Роденденот е сеќавање на денот кога нештото е создадено. А, кога кон тоа ќе се додаде и восхтитот за напредокот, нагорната линија на развојот и успeхот, тогаш значењето е поголемо. Комфи Ангел прослави 14 -сет години од своето постење.

На нивната фацебок страна е напишано:

„Денес е голем ден за Комфи Ангел. На денешен ден пред 14 години се формира една од најуспешните компании во Прилеп. Среќен роденден и вечност од сите вработени на Комфи Ангел.„

 

И, не информираа дека во иднина фирмата  одлучила на секој вработен да му го честита роденденот, зашто вниманието кон едн аличнот е поголемо од сите работи на светот

Во контекст на ова,би додале, убаво е да знаете дека некој имаат високо мислење за вас, ве почитуваат и сакаат да бидете дел од тимот. Задоволни работници се успешни работници! Зборовите  „среќен роденден“ кои искажуваат честитка мотивираат, даваат сила и не потсетуваат дека на овој свет, сепак, правиме некакво влијание и добро.

Во комбинација со „Честито!“ задоволството е уште поголемо

Некои признаваат, други не, но на сите веруваме, ни значи да чуеме признание за својот вложен труд. Пофалните зборови, чесњтитките не инспирираат да правиме повеќе, да се трудиме повеќе и да се чувствуваме горди  на себеси .

Комфи Ангел се чувствува горд на  своите вработени и од приви август, оваа година, ја спроведе практиката да им ги честита, односно да им го одбележува,  родендените на своите вработени. Гест за пофалба, зашто тоа говори за грижата и вниманието на компанијата кон секој работник .

На нивната facebook strana од денеса и во иднина ќе се најдете и вакви содржини

„Среќен роденден на нашите вработени Јулијана Чатлеска, Димоски Бобан, Илиоски Тони, Стојсавлевиќ Горан и Тренкоски Дарко.
Им посакуваме пред се многу здравје, среќа и успех.“

Убаво кажано! А,Ние, само се придружуваме на денешното славење на нашите пријатели Екипата на Радио Пела  Ви го честита роденденот,Комфи Ангел!.

„Среќен роденден Comfy Angel ! Ви посакуваме многу успешни години и многу среќни семејства да бидат дел од вашето комфиангелско јато!“

Comfy Angel е македонско-англиска компанија формирана во 2004г. со 50 вработени која денеска брои повеќе од 1000 вработени .Компанијата  се грижи за нивните потреби, нивното задоволство, ги цени и наградува сите залагања на своите вработени. Компанијата претставува странски капитал и своето производство во најголем процент го извезува на странски пазари. Она што ја прави лидер во својата работа е огромната посветеност, одличните човечки ресурси, како и вредна и мотивирана работничка рака.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: