ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Комуналец во акција на чистење на гробиштата пред Велигден

596

Според обичајот ,граѓаните на Прилеп, за  најголемиот христијански празник,Велигден ги посетуваат вечните почивалишта на своите најблиски , во новите и стари градски гробишта.

Во пресрет на празникот, и оваа година вработените во Јавното претпријатие Комуналец спроведоа повеќедневна акција за генерално чистење на старите и новите градски гробишта. Оттаму велат дкеа со помош на единицата од паркови и зеленило, уредени се патеките, собран е отпадот од косената трева и лисја, уредени се влезовите и паринг просторот.

Новите градски гробишта зафаќаат оградена површина од над 295.илјади  м2. , на кои има 14.316 гробни места. 

Од Комуналец  апелират и  до граѓаните, кои деновиве пред Велигден, сами  ги чистат површините околу гробните места, собраниот отпад, да го одлагаат во корпите за отпадоци и контејнерите , кој се поставени , а не да го фрлаат до соседното гробно место, што често се случува.

Воедно, и за вереме на посетата за Велигденските празници Комуналец ги замалува граѓаните да не го фрлаат отпадот, насекаде, зашто овие спомен почивалишта, заслужуваат да бидат уредни и чисти, а тоа е обврска на сите.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: