ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Комуналец започна со чистење на главните сообраќајници

574

Со затоплувањето на времето ,,Комуналец“ започна со активности предвидени за одржување на градската хигиена и здрава средина. Стартуваше денеска миењето на главните сообраќајници во градов и при тоа од јавното претпријатие посочуваат дека активноста ќе се одвива од 06.00 часот наутро, па се до пладневните часови.

– Граѓаните да бидат трпеливи, посебно возачите на автомобили, зашто оваа операција ќе потрае подолго време, се додека од улиците не бидат комплетно отстранети остатоците од зимското одржување и наталожената прашина. Операцијата не е можно да се извршува во ноќните часови заради ниските температури и мрзнењето, соопштуваат од ЈКП Комуналец. Ова е првото миење во зимски услови и генералното чистење на градот што ќе се одвива во текот на месецов според Програмата за работа, соопштуваат од прилепски Комуналец.

Инаку, комуналните екипи започнаа со подготовка на паркот Врбеско маало со сечење и кастрење на дрвјата. Со изведбата на паркот е предвидено и засадување на нови дрвја и украсни растенија. Паркот ќе содржи наменска опрема за одмор и забава. Со идејното решение е планирано ова катче да биде спомен парк на скулптури работени од Центарот за современа ликовна уметност.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: