CSS Template

Конечно тревник на градски – конечно фудбал (ФОТО)

328
Avtokontrol1

На огромна радост на прилепчани , на многу генерации фудбалери , новинари , спортски работници , градскиот стадион Гоце Делчев полека го добива ликот на вистински фудбалски храм.Со поставувањето на тревата привршува последната фаза од реконструкцијата  на стадионот.После четири години Победа ќе ги игра своите натпревари на градски со можност за нивно одигрување под рефлектори на светло, истакна градоначалникот Илија Јованоски на денешната пресс конференција, надевајќи се дека тоа би било првиот чекор во враќањето на клубот на старите патеки.Јованоски рече дека помошта од локалната самоуправа нема да изостане а тој како градоначалник очекува дека нема да изостане и општенствената одговорност од страна на бизнис секторот.

На времето кога на натпреварите на Победа на својот  градски стадион вриеше од армија навивачи и кога се постигна и рекордот на продадени карти со преку дваесет и две илјади на дуел помеѓу Победа и Беласица се потсети новинарот Миле Талески кој со своите 82 години со радост и гордост зборуваше за својата Победа која ја следеше повеќе од 70 години во својата кариера.Доаенот на македонското спортско новинарство посака повторно Гоце Делчев да биде фудбалски храм каде како некогаш кога меѓусебен дуел играле Победа и 11 Октомври и тој натпревар имал посета од 16 илјади гледачи , така и во наредниот период овој фудбалски храм да биде собиралиште за сите љубители на фудбалот.

Посакувањата се големи како на надлежните така и на легендите на прилепскиот фудбал но и за сите оние кои сега се директно инволвирани во фудбалот.Голманската прилепска легенда Круме Митрикески се надева дека со реализирањето на завршната фаза од реконструкција на стадионот прилепчани ќе ги има во голем број да дојдат и да навиваат за својот фудбалски бренд.Сегашниот пак тренер на Победа , Дарко Крстески се заблагодари на помошта од локалната самоуправа и со нетрпение очекува своите фудбалери да истрчаат на теренот и да ги играат своите натпревари и потсети дека секоја противничка екипа која ќе дојде да игра со Победа ќе треба добро да се испоти за да освои бодови.

Се очекува до крајот на следната недела да завршат сите активности околу поставувањето на новиот тревник.Пред тоа комплетно се преуреди  јужната ,се изгради северната трибина која доби нова потрковна челична конструкција а изградена е и  заштитната ограда на стадионот како и оградниот ѕид.Конечно со поставувањето на тревнатиот тепих завршува фудбалската голгота во Прилеп а со нетрпение се очекува стартот на новиот шампионат за црвено белите во втората македонска фудбалска лига.

semm